Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Книжевен клуб УТОПИЈА: Битола чита

admin 28/02/2025 00:00
Messenger_creation_CD6A6B85-747E-4D09-87EC-8500068B66C8

Минатиот месец, во духот на љубовта кон литературата и желбата за подлабоки книжевни разговори, се формира Книжевен клуб УТОПИЈА – иницијатива што ги обединува читателите, издавачите и книжарниците, создавајќи простор за инспиративни средби и дискусии за книгите што оставаат трага.

На втората средба која се одржа оваа недела, романот што ја обои вечерта беше „Црквичето“ на Владимир Костов.

Тоа беше вечер во која зборовите од романот на Костов се претопија во вистински разговори, кога страниците станаа мост меѓу генерациите и кога тишината на читањето доби глас.

“Книжевен клуб УТОПИЈА не е обичен книжевен собир – тоа е место каде што историјата, спомените и литературата се преплетуваат со сегашноста.
Во град како Битола, каде што секој агол носи одек од минатото, оваа книга не можеше да биде подобар избор за почеток на функционирањето на Книжевниот клуб. „Црквичето“ не е само роман, тоа е карта до скриените простори на меморијата, до личните и колективните митови, до местата каде што минатото не е само нешто што се памети – туку нешто што се живее. Месец февруари ќе го помнам по читањето на романот” – истакна Христина Фуна која е иницијатор на формирањето на клубот.

Меѓу присутните кои дискутираа за романот на Костов беше и проф. д-р Борис Ангелков, универзитетски професор во пензија и некогашен ученик на Владимир Костов. Тој зборуваше за својот професор со прекрасни сеќавања на своите средношколски денови. Професорот што ги зарази своите ученици со љубов кон книгата, што ги научи дека литературата не е само збир зборови, туку архитектура на човечката мисла. Низ кариерата, Ангелков е човек на науката, на природните науки попрецизно, но тоа не го спречува да носи во себе огромна библиотека – не само како колекција на книги, туку како начин на размислување.

И тоа беше суштината на вечерта. Литературата како сведоштво. Како лична, но и заедничка историја. Како мапа што ги води оние што сакаат да разберат повеќе, подлабоко, поинаку.

Книжевниот клуб Утопија упатува отворен повик до битолчани, македонските издавачи и книжарници да се приклучат. Идејата е клубот да биде отворен и бесплатен простор за промоција на книгите и читањето.

“Во свет каде што брзината на информацијата го надминува квалитетот на размислувањето, Книжевен клуб УТОПИЈА нуди нешто што стана реткост – простор за тивки, но значајни разговори” – истакна Јасмина Атанасова која го води овиј клуб од неговото формирање.

Читатели – Ако сакате да бидете дел од средини каде што книгите не се само прочитани, туку и доживеани, придружете ни се.
Издавачи – Ако верувате дека одредени книги заслужуваат да бидат прочитани и дискутирани, предложете ги.
Книжарници – Ако сакате да станете дел од ова книжевно патување, отворете простор за нашите избори.

“Во март читаме „На небото има реки“ од Елиф Шафак, а на третата средба се среќаваме да ја дискутираме оваа книга – и светот што таа го отвора.
Во време кога светот трча, ние одбираме да застанеме и да прочитаме.
Во време кога сè е сведено на кратки пораки, ние одбираме да разговараме.
Во време кога книгите се само предмети, ние одбираме да ги претвориме во доживувања.

Се гледаме во април.”- порачува Атанасова.

Следната средба е закажана за 2 април 2025 во 19.00 часот во Клубот Утопија.

 

Continue Reading

Претходно: СВР Битола: 27 годишна битолчанка зела 7.000 евра од здружение за добротворни цели не ги вратила, тројца уапсени за марихуана, 11 возачи без возачка дозвола
Следно: Денеска е чист понеделник, почнуваат Велигденските пости

Поврзани вести

mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

Димитар Петковски 08/09/2026 04:58
stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026 mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

08/09/2026 04:58
ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија stadion-3-1536x1024 2
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

07/09/2026 14:07
Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 3
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 4
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 5
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58

Можеби сте пропуштиле

mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

Димитар Петковски 08/09/2026 04:58
stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани