Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Кога ќе добијат закани, училиштата да ја продолжат наставата онлајн, препорачуваат од МОН

admin 23/02/2023 00:00
RENOVIRANO-SREDNO-EKONOMSKO-UCILISTE-640x304-2

Дојавите за поставени бомби во училиштата, кои се праќаат на нивните електронски адреси од октомври минатата година, влеваат паника кај учениците, го нарушуваат менталното здравје и влијаат негативно на нивната социјализација, сметаат учесниците на трибина во рамки на научно-истражувачки проект на Универзиотетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје.

Трибината денеска се одржа во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје која е меѓу училиштата во главниот град кои денеска наутро добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, по што учениците од првата смена, како и во други наврати досега, се евакуирани од објектот. За да не се губат часови, учениците треба за еден час, колку што им е потребно да се вратат во нивните домови, да се приклучат онлајн за да ја следат наставата.

Министерството за образование и наука до директорите на училиштата во земјава испратило допис за итни мерки што треба да ги преземат за непречено реализирање на воспитно-образовниот процес во безбедна и стимулирачка работна средина.

МОН им укажува на основните и средните училиштата во општините насоки и начини на користење електронски адреси, да ја зајакнат контролата за влез/излез на училиштата, во деновите кога има заканувачка дојава, училиштето да организира учење на далечина (онлајн-настава) наместо целосен прекин (распуштање) на наставата.

Александар Ангелковиќ, четврта година во гимназијата „Георги Димитров“, смета дека дојавите за бомби и загубените часови се голем проблем, особено за матурантите зашто ова е период кога треба да се подготвуваат за државната матура.

-Имаше пандемија од корона, па протест од професорите, но „бомбите“ се покажаа како најголем предизвик. Се надевам дека ова навреме ќе се преброди за соодветно да се реализира наставата и матурата и дека МОН и другите надлежни институции ќе дадат некое решение кое доцни. Би било добро да се земе помош од нашите партнери во НАТО и Европската Унија за да може да се преброди овој доста сериозен проблем, изјави Ангелковиќ, според кого одлуката за онлајн-настава ја носат надлежните и дека ако таа е единствена алтернатива верува дека ќе успее.

Ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, кој учествуваше на трибината „Безбедноста во училиштата – градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“, одговарајќи на прашањето какви идни студенти ќе има државава поради загубената настава во средно образование, рече дека тоа ќе се одрази, но дека пропуштеното може да се компензира.

-Мислам дека наставниците се ќе направат за да го надоместат изгубеното. Секако дека онлајн-наставата не е заборавена, УКИМ ја користи и за разни други намени. МОН треба да има стратегија за ова и мислам дека се подготвува за друг модалитет за настава ако овие работи се повторуваат. Но, секоја стратегија не е лесно да се направи, тоа си бара време и верувам во постоечката гарнитура на МОН дека бргу ќе се справи со овој предизвик, рече Јанкуловски.

Проф. Марјан Ѓуровски смета дека треба да се размислува за комбинирана настава и да се разгледаат опциите поголем дел од наставниот процес да се врати на настава на далечина.

-Не смееме како општество да седиме со скрстени раце и само да вршиме проверка на дојавите на бомби, физички да ги изнесуваме учениците и потоа да ги враќаме назад затоа што овој проблем има два аспекта – безбедносен и образовен. Сметам дека е време државата да ги разгледа сите варијации и опции за поголем дел од наставниот процес да се врати на електронското учење. Бидејќи ако оваа динамика продолжи, сериозно ќе биде доведено во прашање начинот на пренесување на знаењето и проверката кај учениците од основно, средно образование, но и кај студентите. Затоа треба да се разговара кај надлежните, во МОН и во сите други во овој сектор, да изнајдат механизам за комбиниран начин на изучување и проверка на знаењата, бидејќи знаењето сериозно ќе биде доведено во прашање ако имаме недостаток во образовниот процес, рече Ѓуровски.

Проф. д-р Татјана Стојановска-Иванова од Институт за социологија при Филозофскиот факултет на УКИМ смета дека зачестените дојави за бомби кои создаваат паника наметнаа ситуација што не е наивна зашто, рече таа, целиот образовен и воспитен процес е доведен во прашање и дека се случува морална деградација.

-Веќе неколку месеци вие немате нормално функционирање на целиот тој процес што подразбира, првенствено пренесување знаења, потоа го немате оној позначајниот сегмент – тоа е пренесување морални вредности. Довербата е клучна вредност, доверба во одговорноста кон институциите, одговорноста во самото образование. Како вие на младите генерации ќе им всадите вредности од типот на почит и одговорност кога гледаме дека со месеци нас ни се случуваат и повторуваат едни исти работи. Не смееме да имаме изгубени генерации коишто нема да имаат не само доволен фонд на знаење, ќе имаат еден вид морален и вредносен вакуум… Ова може да оди во недоглед. Што сега, ќе се враќаме повторно на онлајн-настава? Која е поентата на тоа, изјави Стојановска-Иванова.

Таа повика да се направи национална стратегија за безбедносните ризици што ќе ги опфати и кибер-нападите и кибер-насилството. Апелира во нејзиното креирање да се вклучат сите што се стручни и компетентни од практиката и од науката за, како што рече, конечно да се овозможи нормално функционирање на образованието.

Continue Reading

Претходно: ВИДЕО: Силен земјотрес од 7,2 степени го погоди Таџикистан
Следно: Излета автобус од патот Битола-Прилеп, повредени се 11 патници

Поврзани вести

3456
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

Димитар Петковски 09/06/2026 10:49
img_3869-700x375
  • Македонија

Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа

Шеталиште 09/06/2026 08:01
terapont-780x470
  • Македонија

Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт

Шеталиште 09/06/2026 07:46
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола reka-dragor-bitola 1
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

09/06/2026 11:56
Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига! 3456 2
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

09/06/2026 10:49
Уште еден мал авион падна во Хрватска, едно лице е повредено avion-1-2 3
  • Балкан

Уште еден мал авион падна во Хрватска, едно лице е повредено

09/06/2026 08:40
Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа img_3869-700x375 4
  • Македонија

Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа

09/06/2026 08:01
Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт terapont-780x470 5
  • Македонија

Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт

09/06/2026 07:46

Можеби сте пропуштиле

NASLOVNA Mint-172
  • Промо

MINT започна со оперативен лизинг – Возете автомобил, а не грижи

Шеталиште 09/06/2026 13:10
skijatos-leto-lider-travel-10-1024x536-1
  • Патувањa

Сардинија воведе строги правила за плажите: за крадење песок казна до 3.500 евра

Шеталиште 09/06/2026 11:58
reka-dragor-bitola
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

Шеталиште 09/06/2026 11:56
3456
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

Димитар Петковски 09/06/2026 10:49

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани