Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Колабораториум во Битола за зелена транзиција и одржлив развој

Шеталиште 10/06/2025 13:18
Kolaboratorium

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола е домаќин на експерти од академската заедница, бизнис и граѓанскиот сектор кои дебатираат на тема „Зелена транзиција – паметни патишта за одржлив развој“, колабораториум со серија иновациски процеси специјално дизајнирани за поттикнување на соработка и креативност.

Според универзитетскиот професор д-р Мимоза Богданоска Јовановска, раководител на просторот за колаборација, станува збор за проверена метода што се реализира преку проектот КОЛОРС стекнат од истоимената Алијанса на европски универзитети.

-Проектот Колорс има цел да направи транзиција на универзитетот и доближување до заедницата. На патот на постигнување на таа транзиција, а во рамки на овој проект организираме повеќе настани меѓу кои е и денешниот колабораториум. Тоа е собир кој во себе инкорпорира поголем број на настани од различен аспект што допираат теми лоцирани како проблем и предизвик на заедницата за решавање на воочениот проблем. Ние разработивме три актуелни проблеми, односно социјална инклузија, зелена транзиција и одржливост на храна. Овие проблеми се препознаени и се од интерес на заедницата и затоа почнавме со елаборирање. Најнапред проблемите ги анализиравме од теоретски аспект на ниво на држава, а подоцна низ тркалезни маси и дебати дискутираме за посочениот проблем, посочи Богданоска Јовановска.

Во Студентскиот информативен центар свои трудови презентираа професори од Универзитетот Јан Длугож Чехтосхова од Полска, Универзитетот Леман од Франција, Универзитетот во Кристијанштад-Шведска, како и од двата македонски универзитети УКЛО-Битола и УКИМ-Скопје.

-На овие дебати присуството на студентите е задолжително бидејќи од нив се очекува како млади луѓе и со полетна сила и инвентивност да понудат нови решенија за актуелните проблеми. На колабораториумите учествуваат претставници од АД ЕСМ, РЕК Битола, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, невладини организации и претставници на локалната самоуправа затоа што нивното мислење е исклучително важно за заедницата, нагласи Богданоска Јовановска.

Дводеневниот колабораториум завршува утре низ средби со претприемачи и посета на истакната компании што се занимаваат со производство на зелена енергија и здрава храна. 

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември
Следно: Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница

Поврзани вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
IMG_6138
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

Шеталиште 16/01/2026 12:56
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

СВР Битола: пријава за физички напад врз малолетник, опожарен “опел“

Шеталиште 15/01/2026 13:58
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 1
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 2
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 3
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00
Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали IMG_6138 4
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

16/01/2026 12:56
Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа img_6127-750x375 5
  • Прилеп инфо

Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа

16/01/2026 12:52

Можеби сте пропуштиле

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
IMG_6138
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

Шеталиште 16/01/2026 12:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани