Филип Кузмановски се одлучи да заигра за Кувајт Клуб на претстојниот Азиски турнир кој ќе се игра од 6 до 15 јуни во Кувајт, каде неговиот клуб ќе биде сместен во групата Б со: Ал-Араби од Катар, Ал-Најма од Бахреин, Ал-Калејџ од Саудиска Арабија.

Капитенот на Македонската ракометна репрезентација веќе задутре ја започнува својата ракометна одисеја во Кувајт, каде што ќе дебитира, а противник во првото коло ќе му биде Ал-Араби.
Според добро упатени ракометни инсајдери популарниот “Фитиљ” за околу 10 дена поминати на брегот на Персискиот Залив ќе инкасира над 30.000 долари.

