Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Конгресната библиотека во Вашингтон побогата за 23 македонски книги

Шеталиште 08/09/2026 08:30
kongresna-biblioteka1

Конгресната библиотека во Вашингтон деновиве е збогатена со 23 нови македонски книги, што ѝ ги донира Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје публицист, автор, коавтор, приредувач и уредник на осумдесетина книги од различни области.

На пригодната свеченост, одржана по тој повод на 4 септември во Секцијата за Централна и Југоисточна Европа на Дивизијата за германистика и славистика, Свето Стаменов ѝ врачи на официјалната претставничка на Библиотеката, Билјана Миленковиќ, по еден примерок од своите книги: „Блаже Конески – македонски тестамент“, „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст“ (второ изменето и проширено издание), „Силината на една книга“ (120 години од објавувањето на македонската „златна“ книга „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков), „Quo vadis, Професоре“ (разговори во политичкиот етер со професор емеритус Димитар Мирчев), второто изменето издание на „Охридски разговори“ – I книга (2003–2007) и „Охридски разговори“ – II книга (2008–2013).

Меѓу донираните се и коавторските книги на Свето Стаменов и Искра Чоловиќ: „Даница Ручигај и книжевната критика“, македонското и српското издание на „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“, како и специјалните изданија на „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ на македонски, српски јазик (кирилична и латинична верзија) и на англиски јазик, објавени по повод годишнината од смртта на Искра Чоловиќ и 90-годишнината од раѓањето на првата македонска поетеса Даница Ручигај (1934–1963).

Донацијата ги опфаќа и антологијата „Недореченост, о проклета да си“ и монографијата „Поглед врз Старата скопска чаршија“,  исто така, на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов, како и книгата на Даница Ручигај „Сребрени ноќни игри & Заробеници на ветрот“, што Искра Чоловиќ и Свето Стаменов ја приредија по повод 40-годишнината од трагичната смрт на Даница Ручигај.

Меѓу донираните книги се и „Господ да ја благослови Македонија“ – во спомен на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски (1956–2004), по повод 20-годишнината од неговата трагична смрт, и во спомен на Искра Чоловиќ (1960–2023), доајен на македонското радиоспикерство, новинар и публицист – од Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска; второто изменето и проширено издание на „Скопски разговори“ на Свето Стаменов и Милан Јазбец; словенечкото и македонското издание на словенечко-македонската двојазична стихозбирка „Venec za Iskro – Венец за Искра“ и „Поклон пред бардот на македонскиот журнализам: Свето Стаменов“ на Милан Јазбец; како и македонското и англиското издание на „Монолог на душата“ на Александар Сандевски.

Стаменов посочува дека  оваа донација, организирана во чест и вечен спомен на Искра Чоловиќ (1960–2023) – доајен на македонското радиоспикерство, новинар и истакнат македонски публицист – несомнено ќе придонесе за збогатување на книжниот фонд на македонски јазик што го поседува Конгресната библиотека, но и за поширокото запознавање на американската и меѓународната јавност со македонската култура, литература, историја и духовното и интелектуалното наследство.

– Истовремено, оваа донација претставува мал, но искрен придонес кон натамошната афирмација на македонската култура и литература во Соединетите Американски Држави и кон унапредувањето на македонско-американската културна соработка – истакнува Стаменов.

Фото: Маја Новак и Надица Караколева

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Македонија одбележува 35 години независност
Следно: Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава

Поврзани вести

24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани