Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Конески: Младите луѓе во СДС наместо да се двигатели на промени, се заложници на политиките на Филипче и Заев

Шеталиште 31/03/2026 15:13
Todor_Koneski

Последната прес-конференција на СДС покажа само една константа во нивните политики, а тоа е дека апсолутно ништо не е променето во таа партија. Младите луѓе во СДС, наместо да бидат двигатели на промени, креатори на позитивни политики и носители на нова енергија, се претворени во заложници на политиките на дуото Филипче и Заев, кои единствено се водат од потребата да го заштитат сопствениот криминално стекнат имот, се вели соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува прес-конференцијата на Тодор Конески, член на ИК на УМС на партијата, кое МИА го објавува интегрално.

Овие т.н. нови и надежни кадри, кои денес зборуваат во името на СДС, не претставуваат никаква свежина, туку се само параван на истата клептоманска матрица која со години владее во партискиот врв, рециклирана верзија на старите, добро познати криминални практики на оваа антинародна партија.

Во СДС нема понуда, нема визија, нема капацитет за вистинска промена. Има само нервоза, обиди за дефокус и креирање наративи кои директно одат на штета на македонскиот народ и државните интереси.

Почитувани,

Проблемот не е премиерот Христијан Мицкоски или ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот е вашиот континуиран неуспех да изградите цврсти, стабилни и одржливи политики во интерес на граѓаните. Проблемот е што СДС и понатаму функционира како заложник на заевизмот со истите клевети, навреди, спинови и политички аматеризам.

СДС зборува за млади, а зад себе остави генерации кои ја напуштија државата.

СДС зборува за Европа, а ја оддалечи Македонија од европскиот пат.

СДС зборува за функционална држава, а зад себе остави институции во распад и систем без доверба.

Овие евтини пи-ар трикови на дуото Башановиќ–Шчекиќ се веќе прочитани. Граѓаните јасно препознаваат кој работи во нивен интерес, а кој се обидува да ја прикрие сопствената неспособност.

Насоките што доаѓаат од ова дуо, не носат никаква промена. Тие се само нова амбалажа на истата политика која граѓаните веќе масовно ја отфрлија.

Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, испорачува конкретни резултати што граѓаните директно ги чувствуваат,за само две години реализирани се повеќе мерки за поддршка на младите отколку што СДС успеа да направи за цели седум години владеење

Разликата е јасна, тие нудат навреди, додека ние нудиме резултати.

Нови и реновирани студентски домови, современи факултетски објекти, спортски сали, финансиска поддршка за младите претприемачи, поддршка за младите семејства, за лекарите и за сите оние кои својата иднина ја гледаат токму тука во Македонија.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Европски фронт: Неприфатливо е исклучување на мултиетничката реалност во стратешкиот дијалог со САД
Следно: Милатовиќ пред пратениците: Нашата визија за влез во ЕУ не е целосна без вас

Поврзани вести

VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41
20260414195905_big_730x400_93
  • Македонија

Си-ен-ен: Северна Македонија, земја за која знаат мал број туристи

Шеталиште 15/04/2026 07:25
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица policija-8 1
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

15/04/2026 13:01
Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена VODOVOD - BITOLA 2
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

15/04/2026 11:51
Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола IMG_2655 3
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

15/04/2026 11:41
Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување Mickoski 4
  • Економија

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

15/04/2026 10:54
Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза Lufanza-avioni-730x375-1 5
  • Свет

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза

15/04/2026 07:26

Можеби сте пропуштиле

20260415134942_big_730x400_21
  • Ракомет

Словенецот Котар потпиша за Еурофарм Пелистер

Шеталиште 15/04/2026 14:16
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

Шеталиште 15/04/2026 13:01
VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани