Конзули ветерани од Битола, викендов учествуваат на меѓународниот фудбалски турнир во Мали Лошињ, Хрватска.
Битолчани се редовни учесници на турнирите овој пат дел од групата Б , заедно со екипата на Глобус од Словенија, Јого Бонито од Србија и Стари омладинци од Австрија.

Конзули ветерани денес играат 1/4 финале каде се пласираа со 5 освоени бодови и тоа со убедлива победа над Стари О. Од Австрија со резултат 3:0, потоа два нерешени исходи против Јого Б. од Крагуевац 2:2 и Постојна од Словенија 3:3.

Натпреварите на меѓународниот турнир во фудбал се одржуваат на спортскиот терен „Чикат“ во Мали Лошињ, од петокот 2-ри до денес 4-ти октомври. Денес е закажана и завршницата на турнирот и доделувањето на медалите.

