Битолскиот еснаф од здружението на Конзули ветерани се загреват во Старата битолска чаршија со мезе и пијачка како што е редот пред пред натпреварот на македонскиот шампион, битолски Пелистер вечерва против данскиот ГОГ Гудме вечерва во спортскиот храм “Боро Чурлевски”.
Во позитивна атмосфера заедно со љубителите на битолскиот ракомет и спорт го очекуваат натпреварот вечерва:
„Ние како верни љубители на македонскиот ракомет, вечерва очекуваме одлична атмосфера и се надеваме нова победа над противникот од Гудме, како увертира за Европското првенство 2026 на која одиме масовно во Данска да ја подржиме македонската ракометна селекција како и секогаш од далечната 2009-та година од кога сме редовни и верни подржувачи и фанови на македонската ракометна селекција“, ни сподели импресии претседателот на здружението Конзули Ветерани, Горан Кулевски.
Според најавите од домаќините вечерва се очекува полна сала и жешка атмосфера во салата Боро Чурлевски, натпреварот е со почеток од 20:45 часот, а Е.Пелистер има скор од една победа и пораз во досегашните два натрпревари од Лига на Шампиони.

