Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Конкурси за упис на магистерски и докторски студии на УКЛО

admin 12/09/2023 00:00
829361-MKD.MK_

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола денеска објави конкурси за упис на кандидати за магистерски и докторски студии. На втор циклус или магистерски студии може да се запишат вкупно 761, додека на трет циклус или докторски студии може да се запишат 163 кандидати.

Според конкурсот за втор циклус студии на Технички Факултет-Битола може да се запишат 130 кандидати, на Факултет за информатички и комуникациски технологии – 60, на Технолошко-технички факултет – Велес 50, во Прилеп на Економски факултет, може да се запишат 66, а во Охрид на Факултетот за туризам и угостителство, може да се запишат 70 кандидати.

Втор циклус студии се организира и на Педагошки факултет, за 90 кандидати, на Факултет за безбедност во Скопје за 75, на Правен факултет – Кичево за 170, а на Факултетот за Биотехнички науки ќе може да се запишат 35 кандиати.

Магистерски студии се организираат и на научен Институт за тутун во Прилеп за 15 магистранти, додека на Високата медицинска школа во новата академска година ќе се реализираат стручни студии со кофинансирање за 95 кандидати.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола објави конкурс и за трет циклус или докторски студии кои ќе бидат организирани на 10 универзитетски единици.

На Технички факултет може да се запишат 9 докторанди, на ФИКТ-Битола може да се запишат 18 кандидати, на Технолошко-технички факултет – Велес 7, на Економски факултет – Прилеп 14, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид може да запише 30, а Педагошки факултет може да запише максимум 15 кандидати.

Докторски студии се организираат на Факултетот за безбедност во Скопје за 20, на Правен факултет во Кичево за 32, на Факултет за Биотехнички науки во Битола за 15 и на Научен Институт за тутун во Прилеп за 3 идни докторанди.

Првиот уписен рок за трет циклус студии почнува на 18 септември, а за втор циклус студии на 25 септември.

Continue Reading

Претходно: Голем пожар вечерва во Прилеп – „Маркукуле“ во опасност
Следно: Царинска управа: Запленети непријавени 329 раствори за инјекции за визуелизација при магнетна резонанца

Поврзани вести

FB_IMG_1769096350720
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

Димитар Петковски 22/01/2026 15:39
Pari_Intervju_Joshevski_2-1
  • Вести
  • Економија

ПАРИ: Интервју со Никола Јошевски: Фокусот на финансиските друштва веќе не е квантитетот, туку квалитетот и довербата

Шеталиште 21/01/2026 11:54
4 komunalec
  • Вести
  • Битола инфо

Екипите на ЈП „Комуналец“ – Битола ги расчистуваат пристапните патеки за пешаците

Шеталиште 21/01/2026 09:52
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото) FB_IMG_1769096350720 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

22/01/2026 15:39
Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет fzom-1 2
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

22/01/2026 14:23
Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026 20260122141634_big_730x400_44 3
  • Македонија

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026

22/01/2026 13:21
До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег NdGze-sonce-41217-1 4
  • Македонија

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег

22/01/2026 13:19
Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип grip-1 5
  • Македонија

Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип

22/01/2026 13:16

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1769096350720
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

Димитар Петковски 22/01/2026 15:39
fzom-1
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

Шеталиште 22/01/2026 14:23
20260122081019_big_730x400_34
  • Занимливости

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија

Шеталиште 22/01/2026 13:22
20260122141634_big_730x400_44
  • Македонија

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026

Шеталиште 22/01/2026 13:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани