Кс Групација и оваа година ја продолжува програмата за стипендирање која ја започна
минатата година и која е резултат на стратегијата за општествена одговорност чиј основен постулат е вложување во иднината на новите генерации.
Програмата за стипендирање на КС Групација ги опфаќа средношколците и студентите и вклучува
двомесечна платена пракса со менторска поддршка во канцелариите на Групацијата во Битола.
Стипендиите кои ги доделува КС Групацијата имаат формат на годишно стипендирање со исплати на месечно ниво, вклучувајќи 10 месеци стипендирање плус 2 месеци платена пракса.
Програмата за стипендирање беше активно промовирана на неколку единици од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со цел студентите да се запознаат со можностите што ги нуди самата програма.
Стипендиите се достапни за сите студенти од бруцоши до апсолвенти на:
Универзитетот “Климент Охридски”- Битола
Меѓународен Славјански Универзитет – Битола.
како и за учениците на:
СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола
СОУ “ Tаки Даскало” – Битола
СОЕУ “Јане Сандански” – Битола
СОУ “Крсте Петков Мисирков” – Демир Хисар
Вашите пријави испратете ги на stipendii@klubsport77.mk
Краен рок за аплицирање:
20.10.2024
Повеќе информации во врска со условите и бенифитите од програмата за
стипендирање прочитајте на следниот линк: https://klubsport77.mk/stipendii/
Време е да ги реализирате вашите соништа со КС Групација. Ние веруваме во вашиот
потенцијал!