Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Концертот „Засекогаш во срцата“ — целосно со македонски изведувачи и НУ Камерен Оркестар на Битола

admin 07/04/2025 00:00
Poster

Годишната програма на НУ Камерен Оркестар на Битола за 2025 година започна
емотивно и величествено со концертот „Засекогаш во срцата“, кој се одржа на 5 април во Битола.

Овој концерт беше седми по ред и беше посветен на Тоше Проески и настраданите во трагичниот настан во Кочани, во организација на Центар за култура, НУ
Камерен Оркестар на Битола, Центарот за култура Битола и Здружението Мјузик АРТ
(Битолски Камерен Оркестар IWConnect).

Настанот беше во целост изведен од
македонски уметници, што уште еднаш потврди дека Македонија има таленти со кои
треба да се гордее.

Овој концерт, седми по ред, беше посветен на незаборавниот Тоше Проески и жртвите од
трагичниот настан во Кочани. Иако првично закажан за 22 март, концертот беше одложен
поради несреќата и доби хуманитарен карактер — дел од средствата беа наменети за семејствата на настраданите.

Настанот беше исполнет со длабоки емоции. Песните на Тоше и композициите од ДНК ја
исполнија вечерта со љубов и сеќавања. На сцената настапија исклучиво македонски
изведувачи: Андријана Јаневска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Димитар Андоновски,
Бојан Стојков, Горан Наумовски, Ана Петановска, Јасна Димитровска, Мина Блажев,
Марија Митровска, Ангела Илијовска, поп-рок хорот БИТВОКС и тин-групата ПОПРОКЕТ
под водство на Марина Коруновска. Организатор и диригент беше Владимир Димовски, кој со својата посветеност веќе години наназад ги обединува музичарите во чест на споменот и хуманоста.

Особено емотивен момент беше заедничката изведба на песната „За овој свет“ од
оркестарот и децата од Заводот за рехабилитација „Кочо Рацин“, центарот „Порака“ и ОУ „Тодор Ангелевски“ од Битола. Изведбата ја пренесе пораката дека сите сме еднакви и важни, без разлика на различностите.

Концертот започна со едноминутен молк, во чест на сите настрадани. Во своето
обраќање, Владимир Димовски истакна: „Со песната За овој свет сакаме да пренесеме
порака дека на овој свет сите сме подеднакво исти.“

Следниот настан од годишната програма на НУ Камерен Оркестар на Битола е закажан
за 14 април 2025 година во Офицерски Дом, каде ќе настапи младиот виолончелист
Антонио Илиоски, ветувајќи уште една незаборавна музичка вечер.

Концертот „Засекогаш во срцата“ беше доказ дека музиката обединува, лечи и инспирира,
и дека македонската сцена е богата со исклучителни уметници кои заслужуваат да бидат гордост на нацијата.

Continue Reading

Претходно: ВИДЕО: Снегот ги покри Солун и Халкидики
Следно: Приведени крадци од Битола и Прилеп

Поврзани вести

Komunalci
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

Шеталиште 23/01/2026 14:29
vestacka-inteligencija
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

Шеталиште 23/01/2026 14:27
scena-od-siljan
  • Вести
  • Прилеп инфо

„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика

Шеталиште 23/01/2026 14:19
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст image-245086 1
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

23/01/2026 14:52
Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија Komunalci 2
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

23/01/2026 14:29
Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ vestacka-inteligencija 3
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

23/01/2026 14:27
„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика scena-od-siljan 4
  • Вести
  • Прилеп инфо

„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика

23/01/2026 14:19
Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување Er-traktori 5
  • Вести
  • Македонија

Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување

23/01/2026 14:12

Можеби сте пропуштиле

image-245086
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

Шеталиште 23/01/2026 14:52
socijalni-mrezi
  • Забава
  • Занимливости

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Шеталиште 23/01/2026 14:35
citanje-kniga
  • Забава
  • Занимливости

Истражување: Луѓето што редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат

Шеталиште 23/01/2026 14:33
modna-nedela-pariz
  • Живот
  • Мода и убавина

„Луј Витон“ ја отвори Модната недела во Париз

Шеталиште 23/01/2026 14:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани