Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани
  • Промо

Концерт на Влатко Миладиноски на 28 декември во арена „Борис Трајковски“, во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски

Шеталиште 26/10/2025 05:53
vlatko-miladinoski
По низа распродадени концерти, илјадници аплаузи и безброј песни, Влатко Миладиноски ја заокружува оваа 2025 година со голем музички спектакл и тоа на 28 декември во арената „Борис Трајковски“, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски.
 
Овој концерт ќе биде круна на една година исполнета со успеси, патувања и средби со публиката низ целата земја, но и надвор од неа. Ноќ кога ќе се слави македонската песна, но и трудот, љубовта и вербата дека уметноста е вечна само кога се создава со душа.
 
Со својата посветеност и искреност, Влатко успеа да ја издигне македонската народна песна на едно ново ниво. Симболично, токму тој го постави историскиот рекорд и стана првиот фолк пејач од Македонија кој настапил на Античкиот театар во Охрид, со што ја впиша оваа вечер во златните страници на македонската музичка историја. 
 
А сега, Влатко повторно пишува историја. Токму тој ќе биде првиот фолк уметник што ќе настапи во арената „Борис Трајковски“, доказ дека вистинската емоција секогаш го наоѓа патот до најголемата сцена.
 
Концертот во арената „Борис Трајковски“ ќе биде исполнет со најголемите хитови од неговиот репертоар, но и со нови музички изненадувања. Во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски, оваа вечер ќе биде вистинска музичка магија, каде звукот на тапаните, кавалите и гласот на Влатко ќе се спојат во моќна симфонија што ќе ја разбуди секоја емоција кај публиката.
 
Влатко Миладиноски не е само пејач, тој е гласот на едно време, симбол на постојаност и пример дека уметноста не се создава за трендови, туку за вечност.
 
На 28 декември, под светлата на арената, ќе се роди уште една страница во историјата на македонската музика, страница што гордо ќе го носи името Влатко Миладиноски. 
 
Картите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и ЈК травел Дајмонд.
 
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5697

Continue Reading

Претходно: Премиера на „Диџеј Ахмет“ на Македонскиот филмски фестивал во Торонто
Следно: Денес несекојдневен натпревар во шпанската АСОБАЛ лига од 12:30 часот

Поврзани вести

1_-_
  • Промо

Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор

Шеталиште 09/10/2026 11:24
20261009075207_big_730x400_32
  • Настани

Во Битола на „Интерфест“ музички рецитал со францускиот пијанист Иг Леклер

Шеталиште 09/10/2026 06:40
capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 1
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13
Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 5
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани