Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

Концерт на Некст Тајм на 27 ноември во Скопје

Шеталиште 01/02/2026 09:44
koncert-next-time-skopje
По 18 години присуство на македонската музичка сцена, исполнети со песни што го надминаа времето, а и трендовите, Некст Тајм на 27 ноември ќе одржат голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Ова е концерт за сите „некогаш“ и сите „сега“. За сите што пораснаа со нивната музика, но и за оние што допрва ја откриваат. Вечер во која македнската музика добива простор, глас и сцена каква што заслужува.
На 27 ноември, арената „Борис Трајковски“, ќе стане простор каде што ќе се пеат песни што одамна ги знаеме наизуст, но и ќе се почувствува силата на едно музичко име кое опстојува со квалитет, доследност и свој препознатлив израз. Со продукција достојна за ваков момент и внимателно осмислен репертоар, концертот ветува доживување кое го надминува форматот на обична музичка вечер.
Некст Тајм со години успешно го спојуваат современиот звук со македонското музичко наследство. Обработките на традиционалните песни како „Ја излези Ѓурѓо“, „Зајди, зајди“, „Налеј, налеј“ и други македонски народни теми, добија нов живот преку нивниот препознатлив израз, со почит кон оригиналот, но со современа емоционална сила што им овозможи на овие песни да допрат и до помладата публика.
Токму оваа способност, да се зачува коренот, а да се пренесе емоцијата во ново време, лежи еден од најсилните адути на Некст Тајм.
Некст Тајм во Скопје. За љубовта кон музиката. И за љубовта кон македонската песна.
Картите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и истите може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел Бисер и Јк травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5732

Continue Reading

Претходно: Концерт на Дупер на 5 август во Охрид
Следно: Концерт на Жељко Самарџиќ на 8 август во Охрид

Поврзани вести

TOM_7489
  • Промо

17-та крводарителска акција на КС Групација – хуманоста продолжува

Шеталиште 13/02/2026 16:14
14 feb felicia dalvina
  • Промо

Св. Трифун со кабаре спектакл и врвни вина во Gold Felicia Битола

Шеталиште 12/02/2026 09:30
proizvodi_-_1200_x_630
  • Промо

Кликни, избери, подари љубов со Mint Store

Шеталиште 11/02/2026 15:08
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 1
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22
СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини SEMM 2
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

16/02/2026 15:21
ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието VMRO-DPMNE 3
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

16/02/2026 15:19
Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши venko-filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

16/02/2026 15:18
Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата venko 5
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата

16/02/2026 15:17

Можеби сте пропуштиле

bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

Шеталиште 16/02/2026 15:19
venko-filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

Шеталиште 16/02/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани