Добро познат традиционален ручек за целото семејство..
Состојки:
- 4 пилешки копани
- 2 чаши ориз
- 1 голем кромид
- 2 моркови
- 1 зелена пиперка
- 3 лажици масло (сончогледово или маслиново)
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 ловоров лист
- Сол и бибер по вкус
- 4 чаши топла вода или супа
Подготовка:
- Копаните измиј ги и зачинете ги со сол и бибер.
- Во тава со масло кратко запржи ги копаните за да добијат златна боја.
- Во истата тава додади ситно сечкан кромид, морков и пиперка – динстај 5 минути.
- Додај го оризот и промешај за да се соедини со зеленчукот.
- Стави ја смесата во плех, нареди ги копаните одозгора, додај ловоров лист и црвен пипер.
- Прелиј со топла вода или супа (околу 4 чаши).
- Печи во загреана рерна на 200°C околу 40–45 минути, додека оризот ја впие течноста и копаните се испечат.
Совети:
- Ако сакаш побогат вкус, можеш да додадеш малку доматно пире или свежи домати.
- За крцкава кора, на крајот можеш да ги премачкаш копаните со малку путер.
Фото: Популарно

