Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, фактички претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Шеталиште 17/09/2025 16:07
Darko-Kostadinovski

Уставниот суд имаше плодна, конструктивна и на моменти оштра расправа во поглед на предметот на Правилникот на ДИК и заклучокот на мнозинството судии е дека нема да поведе постапка за уставноста и законитоста, информираше Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски, појаснувајќи дека оценка на мнозинството судии на Уставниот суд е дека Правилникот на ДИК има своја и уставна втемеленост и законска втеменелност и значи целосно усогласување односно почитување на нивната одлука.

Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, според Костадиновски, фактички претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд.

-Би било огромна и многу тешка повреда на Уставот и непочитување на нашата одлука доколку ДИК не постапел на овој начин. Замислете да немаат право независните граѓани, да нема критериум по кој тие би учествувале во изборниот процес. Тоа би значело брутално погазување и на нашата одлука и на Уставот и на Изборниот законик. Од тие причини мнозинството судии се одлучи за одлука да не поведе постапка, појасни Костадиновски.

Клучните аргументи на мнозинствоот судии, посочи Костадиновсеки на прес-конференција по денешната седница, е дека Изборниот законик со правната празнина создадена со нашата одлука не го регулира прашањето за критериумот за потребните потписи, но во сила во самиот изборен законик и понатаму се одредбите според кои потписите на избирачите во постапката за кандидирање се собираат на начин и во постапка што ја уредува ДИК со свој правилник.

-Оттука одлуката на ДИК за поднесување на предлог кандидатски листи да биде потврдена со важечки личен документ со најмалку два избирачи претставува составен дел на постапката за кандидирање што е и предмет на уредување на оспорениот правилник и тој не претставува ограничувачки услов, нагласи Костадиновски.

ДИК, нагласи Костадиновски, има правен основ и таа била должна да донесе тако правилник.

-Должноста на ДИК да го донесе тој правилник се базира не само на одредбите од Изборниот законик, туку и непосредно на уставните одредби. Уставот дава сериозни гаранции за активното и пасивното избирачко право, на можноста секој да учествува во политичкиот процес и особено е важна одлуката на Уставниот суд, појасни Костадиновски.

За да ја донесе оваа одлука, нагласи Костадиновски, Уставниот суд го толкувал и постапувањето, односно непостапувањето на законодавецот.

-Пополнувањето на правните празнини е секогаш важна уставно правна тема. Со нашата одлука неспорено дека се создаде една правна празнина. Право и должност е на законодавецот да ја пополни. Но, право на законодавецот доколку одлучи дека е целиосходно да не ја пополни, и тоа кажува многу и е сериозна индикација. Но, пополнувањето, односно непополнувањето на таа правна празнина можеби е одлука на Собранието и може така да се толкува дека оди многу либерално, во поглед на критериумот за учество на независните кандидати во изборниот процес, бидејќи не ја пополнил и не донел одлучување. Сето ова оди во прилог на нашата одлука. Нашата одлука во која најдовме сериозни прекршувања на Уставот и на темелните вредности и на низа уставни одредби, одеше во прилог, дикцијата на нашата одлука беше да се либерализира до максимум учеството на независните кандидати во изборниот процес како една од суштествените придобивки на демократијата и демократските процеси, изјави Костадиновски.

Со ваквата одлука, според Костадиновски, Уставниот суд праќа порака и до законодавецот и до сите други државни органи како ги анализира, толкува и како постапува кога ќе се појават празни празнини.

Фото: МИА архива

Continue Reading

Претходно: Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на силна победа на локалните избори, очекуваме поголем број на општини, повеќе и од 2021
Следно: МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

Поврзани вести

dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер dsc_5672-2-1536x1131 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

08/09/2026 13:13
Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 2
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 3
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации vmro-dpmne 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34

Можеби сте пропуштиле

dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани