Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Костадинов бара заминување на раководството на СДСМ

Шеталиште 20/10/2025 14:29
Kostadin_Kostadinov

Час поскоро, секој кој носел одлуки, треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес, објави на неговиот фејсбук профил се уште актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов по изборниот дебакл на СДСМ во Струмица.

Тој порачува дека мора да се седне на маса, за консолидација, но суштинска, а не декларативна на прес конференции, односно како што вели „вистинска, лице в лице“.

– Повикувам, со ладни глави, кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ, истакнува Костадинов.

Во објавата наведува дека по 20 години, во општината која беше пример и бисер за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција.

-Уште еднаш сакам да честитам на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината. Тоа е гласот на струмичанки и струмичани, избор што произлегува од политичката понуда создадена од одлуките на раководството на СДСМ. Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тешка брука и срам политички, но и морален. Состојбата во која е запален црвен аларм не е доволен сигнал за раководството на, до вчера, најголемата опозициска партија. Ова е сигнал за политичко заминување на поголем број членови од раководството, вели Костадинов.

Тој посочува дека СДСМ сега е четврта политичка сила и дека партијата не влезе во втор круг во Скопје. Според него, станува збор за политичка одговорност и политички срам и недозволиво е самоволието да продолжи да владее и со тоа секој еден член на СДСМ да биде понижен.

Инаку, Костадинов откако не ја доби довербата од централата на партијата да се трка за втор градоначалнички мандат донесе одлука да го замрзне членството во СДСМ до завршувањето на локалните избори.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 301.000 гласа, СДСМ 125.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000
Следно: Николоски: Орце Ѓорѓиевски ќе има убедлива победа и ќе биде градоначалник на Скопје

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Сончево со умерена облачност soncevo-oblaci222 1
  • Македонија

Сончево со умерена облачност

13/04/2026 08:41
„Луфтханза“ во штрајк, откажани стотици летови во Германија Lufanza-avioni-730x375-1 2
  • Свет

„Луфтханза“ во штрајк, откажани стотици летови во Германија

13/04/2026 08:40
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата Granicen premin Bogorodica 3
  • Македонија

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

13/04/2026 08:39
САД воведуваат блокада на иранските пристаништа, цените на нафтата драстично се зголемија hormuz-delta-696x385 4
  • Свет

САД воведуваат блокада на иранските пристаништа, цените на нафтата драстично се зголемија

13/04/2026 08:39
Денеска се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник image-249756 5
  • Македонија

Денеска се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник

13/04/2026 08:38

Можеби сте пропуштиле

soncevo-oblaci222
  • Македонија

Сончево со умерена облачност

Шеталиште 13/04/2026 08:41
Lufanza-avioni-730x375-1
  • Свет

„Луфтханза“ во штрајк, откажани стотици летови во Германија

Шеталиште 13/04/2026 08:40
Granicen premin Bogorodica
  • Македонија

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Шеталиште 13/04/2026 08:39
hormuz-delta-696x385
  • Свет

САД воведуваат блокада на иранските пристаништа, цените на нафтата драстично се зголемија

Шеталиште 13/04/2026 08:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани