Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Коцевски за синоќешната акција во Кочани: За приведените 13 полициски службеници постојат основани сомненија за сторени тешки дела против општата сигурност

Шеталиште 13/06/2025 11:38
diskoteka-pulse

Приведени се 13 лица со полициско овластување во синоќешната акција на ОЈО за организиран криминал и корупција, потврди на денешната прес-конференција државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Тој посочи дека постојат основани на сомненија дека осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурност.

-Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициско овластување и припадници на затворската Полиција при ОЈО за организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од страна на МВР –Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 13 полициски службеници. Во конкретниот случај постои основа на сомнение дека во период од 14 март 2025 година до 16 март 2025 година на територијата на СВР- Штип осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурност, рече Коцевски.

Тој на прес-конференцијата појасни дека 13 полициски службеници, како соизвршители не постапиле според прописите за мерките за заштита, одобриле план за Акциска контрола на угостителски објекти на подрачје на Полициска станица (ПС)-Кочани, без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки во надлежност на МВР и дали се запазени одредбите од стандардните оперативни процедури за процена и управување со ризики при вршење на полициски работи.

-По овој План кој бил изготвен врз основа на претходно изготвени планови без какви било измени било постапено и на 16 март 2025 година на место каде што биле собрани поголем број на луѓе во кабарето „Пулс“, не преземале мерки за спречување на активирање на пиротехничка опрема на сцената, каде настапувала музичката групата ДНК, во моментов кога ја вршеле контролата, чие палење не било пријавено во Полициска станица-Кочани, а од која пиротехника како последица настанал пожар во дискотеката „Пулс“, изјави Коцевски.

Државниот јавен обвинител, Коцевски додаде дека полициските службеници, со тоа што не спречиле палење на пиротехниката, тие не преземале мерки и за заштита за присутните лица во дискотеката „Пулс“, каде поради несоодветните услови за работа на акциската контрола настанал пожар и со тоа предизвикале настапување на смрт на 62 лица, а над 200 лица се здобиле со потешки и полесни повреди. Заради непречено водење на кривичната постапка и обезбедување на присуство на обвинитите Јавниот обвинител на судијата на претходна постапка на Основниот Кривичен суд Скопје му предложи спрема осомничените да се определат мерки на претпазливост.

-Тоа се: забрана за напуштење на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинитете да се јавуваат повремено на определено службено лице, или кај надлежен државен орган, кој ќе ги определи судијата на претходна постапка, привремено одземање на патна или друга исправа за применување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана и контакт со определени лица, со осомничените лица, како и забрана за преземање на работни активности –полициски служби, рече Коцевски.

Тој истакна дека во оваа фаза Јавното обвинителство не може повеќе информации и детали да сподели за јавноста, бидејќи јавниот обвинител се уште постапува за овој случај.

Continue Reading

Претходно: Поднесено обвинение за трагедијата во дискотеката „Пулс“ против 34 физички и три правни лица
Следно: РКЕ и АДКОМ со иницијатива Комисијата да ја носи конечната цена за водата за одржливост на јавните претпријатија

Поврзани вести

image-249756
  • Македонија

Денеска се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник

Шеталиште 13/04/2026 08:38
soncevo
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

Шеталиште 12/04/2026 08:41
Veligden-768x483-1
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

Шеталиште 12/04/2026 08:39
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Денеска се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник image-249756 1
  • Македонија

Денеска се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник

13/04/2026 08:38
Сончево и топло со температури до 20 степени soncevo 2
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

12/04/2026 08:41
Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение Veligden-768x483-1 3
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

12/04/2026 08:39
Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 4
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 5
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11

Можеби сте пропуштиле

image-249756
  • Македонија

Денеска се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник

Шеталиште 13/04/2026 08:38
soncevo
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

Шеталиште 12/04/2026 08:41
Veligden-768x483-1
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

Шеталиште 12/04/2026 08:39
261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани