Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарскиот клуб Петровски од Битола е новиот шампион во категоријата М12 – жени

admin 10/06/2024 00:00
4481969829069852781398736280728913959482407n

Кошаркарскиот клуб Петровски од Битола го освои трофејот во најмладата возрасна категорија во женска конкуренција, предводени од тренерите Никола Петровски и Нора Мемедова.

На завршниот турнир М12-жени во Битола, домаќинот славеше со победа во финалето против Бадел 1862 со краен резултат 51-45 и се закити со златен медал, додека кошаркарките на Бадел ги освоија сребрените медали. Во натпреварот за третото место, екипата на МВП Скопје го совлада тимот на Работнички со 29-45 и застана на третото место на турнирот.

За најкорисен играч (МВП) на натпреварот беше прогласена Јана Наумовска од КК Петровски.

Организаторот на натпреварот, тренерот Кире Петровски, им честиташе на сите учесници на финалниот турнир за борбеноста и спортскиот дух.

„Сакам да им честитам на сите учесници на турнирот Ф4 во Битола за борбеноста, пожртвуваноста на теренот и ферплејот. Ова е првиот ваков настан во Битола, а се надеваме дека нема да биде последен и дека ќе има уште многу кошаркарски турнири во кои ќе ужива битолската публика. Им се заблагодарувам на сите присутни кои од трибините со жар навиваа за нас и беа нашиот шести играч не само во финалето и полуфиналето, туку и на секој наш натпревар“ – изјави за Gol.mk тренерот Петровски, под чија организација се реализираше турнирот.

Тренерот на победничката екипа, Никола Петровски, е презадоволен од победата, иако признава дека борбата за титула воопшто не беше лесна.

„Девојките од КК Петровски лавовски се бореа за секоја топка и на крајот, нашите квалитети се покажаа на теренот. Борбата за титула не беше лесна, бидејќи противникот покажа огромна посветеност и мотивираност. Им честитам на сите екипи кои учествуваа на завршниот турнир, бидејќи сите покажаа дека женската кошарка има просперитет во нашата држава“ – изјави тренерот на младите кошаркарки.

Continue Reading

Претходно: Сончево и многу топло, попладне наместа дожд и грмежи
Следно: Дарио и Миг 21 повторно во Голд Фелициа Битола

Поврзани вести

20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
Screenshot_20260807_071348_Instagram
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

“Бродмедоу Меџик” обезбеди историски пласман во Австралиското првенство

Димитар Петковски 07/08/2026 05:17
makedonski-kadeti
  • Вести
  • Балкан
  • Кошарка
  • Спорт

Македонските кадети против Кипар сакаат победнички да го отворат европскиот собир (Линк за живо)

Димитар Петковски 06/08/2026 14:05
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани