Никола Дранговски е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за општина Демир Хисар на претстојните локални избори.
Средното образование го завршил во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола, а потоа дипломирал и магистрирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на катедрата за граѓанско право.
Својата професионална кариера ја започнал во 2015 година во Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Битола. Во 2025 година е назначен за в.д. управник на УЈП Битола.
Во 2022 година е назначен на функцијата претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар. Во 2024 година e кандидат за пратеник, а годинава е прв на советничката листа на неговата партија во локалната самоуправа.
Според неговите соработници и поддржувачи, Дранговски се издвојува по отвореноста кон граѓаните и подготвеноста да помогне при решавање на проблеми – било индивидуални, било пошироки општествени. За него велат дека е достапен, отворен за разговор и дека настојува секој граѓанин да добие внимание и почит.

