На многумина од македонската ракометна јавност можеби не му изгледаше реален проектот на ГРК Охрид за ‘високи дострели’ на почетокот од оваа година, но со победите против шампионот Еруфоарм Пелистер и Алкалоид тоа и во пракса го спроведува раководството на охридскиот клуб.
Според ракометни кругови блиски до клубот од Охрид до кој стигна нашиот портал, 33-годишниот голман Дино Славиќ , можеби ќе стани нов член на клубот покрај Охридското езеро.
Дино Славиќ беше брилијантен за неговата Хрватска ракометна репрезентација против Македонија кога победија со 26-23, а еден од хероите на натпреварот беше голманот Славиќ кој забележа дури 15 интервенции.
Неговите одбрани на натпреварот со кои буквално тој ,го ‘одлучи’ победникот за тимот на Дагур Сигурдсон, ги натера веројатно охриѓани водени од стратегот Ројевиќ да размислуваат ниво погоре и да преземат сериозен чекор обезбедувајќи голман од висок европски ков.
Роден во Ријека, Дино Славиќ во моментот е член на францускиот тим Лимож со кои има договор до летово и за нив има одиграно 15 натпревари оваа сезона и забележано 115 одбрани, со стапка на одбрани од 28,75 проценти.
Охриѓани пред само неколку денови “убедија” пивот исто така од Хрватска во името на Џанфранко Прибетиќ, кој го напушти германскиот бундеслигаш Штутгарт за да потпише за ГРК Охрид.
фото: https://www.lh-handball.fr/blog/

