Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Коњановски: Со љубов кон татковината, да продолжиме да градиме горда Македонија

Шеталиште 08/09/2025 11:47
IVK_6311

По повод 8 Септември – Денот на независноста, пред споменикот на Народноослободителната и антифашистичка војна во Битола денес беше одбележана 34-годишнината од историскиот референдум кога граѓаните на Република Македонија масовно се изјаснија за самостојна, независна и суверена држава.

Свежо цвеќе положија Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, членови на Советот на општината, Сојузот на борци и претставници на политички партии. Со чинот на положување цвеќе се оддаде почит кон сите кои со визија, жртва и идеал ја градеа современата македонска држава.

Во својата свечена честитка, градоначалникот Коњановски истакна:

„Македонија е сонот на генерациите што се бореа, а денес е одговорност на сите нас. Нашата независност не е само датум од историјата, таа е секојдневна борба, грижа, несебичен влог, но и надеж.На денешен ден, со длабока почит се поклонуваме пред сите кои ја изградиле темелната мисла за македонска држава. Но, погледот ни е насочен и кон иднината и кон младите. Тие се срцето на нацијата, двигателот на промените и најсилниот гарант дека Македонија ќе остане на патот на достоинството и државотворноста. Во време на предизвици, суштински е младите да останат тука, да сонуваат тука, да созреваат тука, да создаваат на нашите простори. Наш заеднички долг е да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на можности, слобода и правда каде што секој млад човек ќе има простор да го оствари својот сон, без да се откаже од своите корени, идентитет и иднина.Да не ја заборавиме жртвата на тие што се бореа, но и да веруваме во потенцијалот на тие што доаѓаат. Само со заедништво, љубов кон татковината и визија, можеме да продолжиме да градиме силна, праведна и горда Македонија. НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ! НЕКА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА!“, порача Коњановски.

Со денешното одбележување, Општина Битола се приклучи на низата активности низ државата во знак на почит кон историската одлука за македонска независност, како и со јасна порака за иднината на младите генерации.

Фото: Општина Битола

IVK_6157
IVK_6199
IVK_6182
IVK_6162
IVK_6176

Continue Reading

Претходно: Тошковски: Независноста не е само подарок од минатото, туку обврска што сите заедно мораме да ја чуваме и надградуваме
Следно: Во четврток во Македонија нови врнежи, грмежи и невреме

Поврзани вести

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
slika-turnovo-md11111
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Димитар Петковски 12/09/2026 09:29
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 2
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 5
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани