Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Краен рок за електронско пријавување во студентски домови

Шеталиште 29/07/2025 07:59
gocedelchev

Крајниот рок за електронско аплицирање за сместување во државните и приватните студентски резиденции низ целата земја за академската 2025/2026 година за студентите од втора година и погоре на додипломски студии и за апсолвенти е 31 јули.

Рокот за аплицирање за прием во студентските домови за студентите од прва година ќе започне по завршувањето на периодот за запишување на факултетите во август и ќе трае од 10 до 17 септември 2025 година.

Студентите кои аплицираат за место во некој од студентските домови треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат потребната документација на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk. Студентите можат да конкурираат за прием само во еден студентски дом.

Во случај, по објавувањето на финалните списоци на примени студенти по домови, да останат слободни сместувачки капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи до нивното пополнување, но најдоцна до 30 ноември 2025 година.

Според Конкурсот објавен од Министерството за образование и наука, достапни се вкупно 4264 места во студентски домови во Скопје, Штип, Битола, Тетово, Охрид и Прилеп. Од нив, 851 место се наменети за студенти од прва година, а 3413 места се за студенти од втора година и погоре.

Поради реновирање, затворени се домовите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои, според најавите од МОН, повторно ќе примаат студенти од вториот семестар на претстојната академска година.

Најмногу места во главниот град има во студентскиот дом „Гоце Делчев“ (1212), во ДСД „Пелагонија“ на располагање се 997 места и 335 во ДСД „Томе Стефановски Сениќ“. Во ДСД „Кочо Рацин“ во Битола има вкупно 385 слободни места за сместување студенти, 242 се слободни во ДСД „Никола Карев“ во Охрид, 330 во ДСД „Орде Чопела“ во Прилеп.

Во Штип студентите можат да изберат сместување во три дома: ДСД „Браќа Миладиновци“ (236) и во приватните ПСД „Хилјадников“ (60) и ПСД „Логос“ (52). Два дома се на располагање во Тетово: државниот студентски дом „Тетово“ располага со вкупно 295 легла и приватниот ПСД УЈИЕ – со вкупно 120 места.

Во Конкурсот на МОН се појаснети условите за прием на студенти во домовите, начинот на електронското пријавување, начинот на кој се врши распределбата на расположивите места, документите потребни за аплицирање, конкурсните рокови и постапката за прием во студентските домови.

 

Финалниот список за прием на студентите од втора година и погоре ќе биде објавен најдоцна до 6 септември 2025 година на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот и на веб-страницата на Министерството. Приговорите по резултатите ќе се доставуваат во самиот дом каде што имаат аплицирано во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Конечниот список за прием на студентите од прва година, пак, ќе биде објавен најдоцна до 30 септември 2025 година, а приговор ќе може да поднесат во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

“Како што е наведено во објавениот Конкурс, студентите кои ќе бидат примени треба да се вселат почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.”

Continue Reading

Претходно: ЕУ: Temu продава небезбедни производи и го крши Законот за дигитални услуги
Следно: Фондот за пензиско и инвалидско осигурување воведува СМС-известувања за решенија за пензија

Поврзани вести

08-050
  • Македонија

Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко

Шеталиште 08/05/2026 06:41
dozd-cador-1
  • Македонија

Денеска облачно време со врнежи од дожд

Шеталиште 08/05/2026 06:39
IMG_3256
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

Шеталиште 07/05/2026 20:24
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Соопштение од училиштето ООУ “Стив Наумов” од Битола за заканите од ученик bitola-1536x666 1
  • Битола инфо

Соопштение од училиштето ООУ “Стив Наумов” од Битола за заканите од ученик

08/05/2026 09:19
Клиничка болница Битола со нов DEXA апарат – модерна дијагностика за остеопороза 690671041_122167089866954245_6795181175238060696_n 2
  • Битола инфо

Клиничка болница Битола со нов DEXA апарат – модерна дијагностика за остеопороза

08/05/2026 08:39
Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко 08-050 3
  • Македонија

Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко

08/05/2026 06:41
Денеска облачно време со врнежи од дожд dozd-cador-1 4
  • Македонија

Денеска облачно време со врнежи од дожд

08/05/2026 06:39
30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ IMG_3256 5
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

07/05/2026 20:24

Можеби сте пропуштиле

bitola-1536x666
  • Битола инфо

Соопштение од училиштето ООУ “Стив Наумов” од Битола за заканите од ученик

Шеталиште 08/05/2026 09:19
690671041_122167089866954245_6795181175238060696_n
  • Битола инфо

Клиничка болница Битола со нов DEXA апарат – модерна дијагностика за остеопороза

Шеталиште 08/05/2026 08:39
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.05.2026)

Шеталиште 08/05/2026 06:43
08-050
  • Македонија

Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко

Шеталиште 08/05/2026 06:41

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани