НАЈНОВО

Моја кујнаРецепти

Кремаста салата со грашок, пилешко и варени јајца

Кремаста салата со грашок, пилешко и варени јајца.

СОСТОЈКИ:
1 конзерва грашок или 1 кесичка смрзнат грашок
3 јајца
1 чешне лук
1 краставица
сол, бибер
павлака или мајонез
1 парче пилешко филе

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете ги јајцата и исечете ги на мали парчиња. Исто така исечкајте ја краставицата. Можете да го пржите или да го зготвите пилешкото, а потоа исечкајте го. Измешајте сè во еден сад, додадете грашок, зачини, лук и неколку лажици павлака или мајонез по желба. Се добро измешајте и послужете.
Напомена: Доколку користите замрзнат грашок, прво сварете го, а потоа изладете го.

Добар апетит!

Поврзани новости