СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 28.04.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило кое го управувал Б.Н., при што кај сопатникот била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.

