Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Кривични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари

Шеталиште 20/08/2026 07:45
3policija-420x240-138854-1

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, против К.С.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Против Ј.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикривање“ и „фалсификување службена исправа“ и правно лице село Мало Коњари, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

Како што се наведува во соопштението од МВР, првопријавениот Љ.Б., во 2021/2022 година работел во АД „Тутунски Комбинат“ – Прилеп на работно место координатор на група за обезбедување, а второпријавениот во истиот период бил генерален извршен директор на АД „Тутунски Комбинат“, третопријавениот Ј.Д. е сопственик и управител на четвртопријавениот правен субјект, овластена фирма за откуп и продажба на отпадни материјали со која АД „Тутунски Комбинат“ Прилеп има склучено договор за откуп на отпадни материјали.

Во првото тримесечие на 2022 година, првопријавениот Љ.Б., спротивно на член 3 од Одлуката за одобрување на отпис од сметководствена евиденција и продажба на основни средства, ситен инвентар и резервни делови како отпадни материјали, по негов усмен предлог од тогашниот генерален извршен директор, второпријавениот К.С., му било овозможено тој да ја спроведе продажбата на отпад наместо референтот за управување со отпад. Во текот на февруари 2022, првопријавениот со помош на третопријавениот Ј.Д. прикриле најмалку 185.000 килограми отпадно железо од Работна единица Заводи – Мажучиште и не ја евидентирале на сметка на тутунскиот комбинат, а била предадена и откупена од правното лице од с.Мало Коњари по повисока цена за два денари од килограм. Но, наместо на сметката на АД Тутунски комбинат, од правното лице од с.Мало Коњари биле изготвени фиктивни откупни белешки за предадено отпадно железо во просек по околу 25 000 килограми по лице на име на осум физички лица (блиски лица на првопријавениот), со изјави за потеклото на отпадот. Воедно, и паричните средства биле префрлени на банкарски сметки на седум физички лица, како и на личната банкарска сметка на првопријавениот Љ.Б.. По префрлањето на паричните средства на нивните трансакциски сметки во банки, тие ги подигнувале во готово и му ги предавале на првопријавениот.

На ваков начин на сметките биле префрлени парични средства во вкупен износ од 3.338.328 денари и за тој износ е оштетен АД Тутунски Комбинат Прилеп. Додека, на АД Тутунски Комбинат по основ на продажбата на отпадното железо, од правното лице од с.Мало Коњари исплатени се парични средства во вкупен износ од 1.274.560 денари – посочуваат од МВР.

 

 

 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Србите бесни на „Сејф сити“: Преминувањето на границата со Македонија може да ги чини и 300 евра – Тотален колапс на Табановце
Следно: Пита со блитва

Поврзани вести

pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
20260909174559_big_730x400_4
  • Прилеп инфо

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот погон на „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп

Шеталиште 10/09/2026 06:58
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани