Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Кризата кај шампионот Вардар продолжува, Шкендија убедлива против Брегалница

Димитар Петковски 16/08/2026 23:32
struga-1-2-1536x1114

Струга Трим Лум излезе како победник во дербито против Вардар во третото коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен славеше со 1-0. Христијан Малески го постигна единствениот гол на натпреварот, додека Вардар во самиот финиш пропушти огромна шанса да избегне пораз. Давид Бабунски во 96.минута не успеа да реализира пенал за првакот.

Во Тетово, Шкендија ја совлада Брегалница со 4-1 во последниот натпревар од третото коло во Првата фудбалска лига. Дуелот се одигра на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, а сите пет погодоци беа постигнати во вториот дел.

Струга – Вардар 1-0

За актуелниот шампион ова е втор последовен пораз во првите три кола, додека Струга Трим Лум продолжува со одличен старт на сезоната.

Првата посериозна можност дојде во 11. минута, кога настана мешаница пред голот на домаќините, но Папе Фал навреме интервенираше и ја расчисти топката пред гол-линијата.

Четири минути подоцна, Филип Најдовски се обиде со удар од далечина, но топката заврши надвор од рамките на голот.

Струга можеше да поведе во 41. минута. По одличното додавање од Буњамин Шабани, Марјан Радески се најде во добра позиција и шутираше од околу 15 метри, но Давор Талески одлично интервенираше.

Вардар возврати две минути подоцна преку Дарко Велковски, кој по корнерот од десната страна упати удар со глава, но директно во Андреј Јовчевски.

Последната шанса во првиот дел ја имаше Диего Кастањеда, кој шутираше од околу 18 метри, но топката заврши над голот на Струга.

Домаќините стигнаа до предност во 61. минута. Шабани одлично го проигра Малески, кој од десната страна упати силен удар и го совлада Талески за 1-0.

Само две минути подоцна Малески можеше да го постигне и вториот гол, но овојпат голманот на Вардар беше поуспешен и спречи зголемување на предноста.

Вардар во продолжение тргна по израмнување. Во 75. минута Мислав Матиќ се закани со удар со глава, но Јовчевски беше сигурен и ја сочува својата мрежа.

Гостите добија идеална можност за израмнување во 96. минута. По центаршутот на Михаил Маневски, Дијако играше со рака во шеснаесетникот, а судијата покажа на белата точка.  Одговорноста ја презеде Давид Бабунски, но неговиот удар заврши високо над голот. Со тоа Вардар ја пропушти последната шанса за бод, а Струга Трим Лум стигна до три бода во дербито.

Шкендија – Брегланица 4-1

Фабрис Тамба ја имаше првата шанса на мечот, но задоцни со шутот, а во 15. минута Иван Глигоров се закани со удар, а блокот на Шкендија ја расчисти опасноста во корнер.

Во 28.минута, Ибраими нафрли од десната страна, а Красниќи со глава шутираше над голот. Три минути подоцна, Круезиу подготви шанса за Фабрис Тамба, тој шутираше од прва, но Јашар успеа рефлексно да одбрани.

Во 42.минута, Давид Калпачки шутираше силно од 25 метри, но Рамани успеа да одбрани. На спротивната страна возврати Круезиу, а Јашар го скроти ударот и исфрли во корнер. Првиот дел заврши без голови.

Во второто полувреме фудбалерите на двете екипи беа многу поефикасни. По една долга акција на Шкендија, Александар Трумчи го отвори резултатот во 61.минута, со удар од работ на шеснаесетникот.

Ендрит Красниќи пет минути подоцна зголеми на 2-0, а мала надеж за Брегалница во финишот даде Мартин Стојанов со погодокот во 86.минута.

Фахд Нзенгуе во 91.минута го потврди триумфот на Шкендија, а Арбин Зејнулаи од пенал го постави конечниот резултат 4-1 длабоко во судиското продолжение. Шкендија е единствена со максимален ефект од девет бода по трите одиграни натпревари во шампионатот.

Continue Reading

Претходно: ВМФЛ: Работнички убедлив, ГФК Охрид подобар од Новаци, Тетекс освои бод во Ѓорче Петров
Следно: Армијата одбележува 34 години од формирањето

Поврзани вести

848186451_1094045193263793_2853667707958490411_n-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација

Димитар Петковски 15/10/2026 10:42
1000052098-1024x768-1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалерките до 19 години победија на гостувањето во Косово

Димитар Петковски 14/10/2026 11:04
666680693_1280368097558320_2599030599246288498_n
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Селекторот на женската репрезентација на Македонија го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Димитар Петковски 14/10/2026 11:02
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација 848186451_1094045193263793_2853667707958490411_n-1536x1024 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација

15/10/2026 10:42
ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција evra-pari-evra 2
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

15/10/2026 09:20
Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун serafimovski-2 3
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

15/10/2026 09:19
Паднаа акциите на Волстрит nasdaq-berza 4
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

15/10/2026 06:24
Температури до 20 степени, но со засилен ветер сончево-есен 5
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

15/10/2026 06:03

Можеби сте пропуштиле

848186451_1094045193263793_2853667707958490411_n-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Прес конференцика на РФМ: Дмитро Хориха, доби дозвола од (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација

Димитар Петковски 15/10/2026 10:42
evra-pari-evra
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

Шеталиште 15/10/2026 09:20
serafimovski-2
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

Шеталиште 15/10/2026 09:19
nasdaq-berza
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

Шеталиште 15/10/2026 06:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани