Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Крис Прат во одбрана на министерот Кенеди: Не мора партијата да ми го одредува секој став

Шеталиште 19/08/2025 14:14
Kris Prat

Крис Прат застана во одбрана на својот подалечен роднина Роберт Фицџералд Кенеди Помладиот, околу нивните различни и слични партиско-политички убедувања. Имено, американскиот глумец во емисијата на Бил Мар беше прашан за неговиот однос со министерот за здравство и човекови услуги, кој ѝ е братучед на сопругата на Прат – Кетрин Шварценегер.

– Има одредени работи коишто (РФК Помладиот) ги спроведува и се поддржани на двопартиски начин – како што е отстранувањето на ужасните отровни материи од храната на нашите деца. Мислам дека тоа е одлично. Ако само го направите ова, тоа е неверојатно. Не би сакал да бидам толку заглавен во омраза кон претседателот, така што секој успех од неговата администрација би било нешто на што ќе имам „алергиска“ реакција. Да не биде некако: „О, па, ако овие го прават, не го сакам тоа. Самиот за инает ќе ставам ’Клорокс’ во житарките на моите деца!“ …Бидете разумни. Постојат одредени работи што би било добро да се направат. Сакам сите тие нешта да бидат успешни, изјави Прат.

РФК Помладиот го направи намалувањето на ултра-преработената храна и токсините од животната средина од храната – приоритет во неговата иницијатива „Направете ја Америка повторно здрава“, наведувајќи го зголемувањето на стапката на хронични болести кај децата. Тој, исто така, го критикуваше седечкиот, технолошки управуван начин на живот кај децата, но и прекумерното препишување лекови.

– Неколкупати се дружев со него (Кенеди) во строго семејна вечера. Навистина добро се сложувавме и мислам дека е одличен човек. Забавен е, прекрасен е!, продолжи Прат, појаснувајќи дека, да се биде во тимот на „најконтроверзниот претседател досега“, не мора да значи секогаш и сѐ најлошо. – Политиката е гадна работа, додаде Прат.

Глумецот потоа, исто така, им препорача на гледачите да не им веруваат секогаш на сите медиуми и „изворите блиски до него кои наведуваат“… – Не, не го велат тоа. Немате „извор близок до мене“ кој го кажува тоа, подвлече Прат.

Фото: ЕПА архива

Continue Reading

Претходно: СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за „Еразмус+“
Следно: Мусака со модри патлиџани

Поврзани вести

429740_russia-putin_f
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

Шеталиште 07/10/2026 07:03
798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 1
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 2
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50
Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 3
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46
Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население + 4
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

08/10/2026 06:44
Сончево и релативно топло со мала локална облачност esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794 5
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

08/10/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

alkohol-prodazba
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

Шеталиште 08/10/2026 07:07
torta-
  • Рецепти

Медена торта вкус што не се заборава

Шеталиште 08/10/2026 07:03
DB2017AU01461_web_1600
  • Автомобили

Најпродавани компактни СУВ во Европа до август

Шеталиште 08/10/2026 06:57
horoscop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.10.2026)

Шеталиште 08/10/2026 06:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани