Лесно за подготвување, а многу вкусно. Едноставно, не можете да погрешите.
Состојки
400 gr макарони
3 јајца
1/2 литар јогурт
масло
малку сол
по желба може и сирење
Подготовка
Сварете ги макароните. Додека се варат, уклучете ја рерната на 200 степени и почекајте да се загрее. Сварените макарони процедете ги и ставете ги во сад каде ќе ги измешате со другите состојки: изматените јајца, масло, сол и јогурт. Добро промешајте ги состојките, префрлете ги во сад за печење и ставете ги во загреаната рерна.
Макароните печете ги додека не зацрвенат, околу 30 минути. Кога ќе видите дека зарумениле, исклучете ја рерната и оставете ги внатре уште десетина минути. Макароните можете да ги послужите веднаш и да ги комбинирате со кечап или некој ваш омилен прелив или сос и да уживате во вкусот.

