Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

КСС: Секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш

Шеталиште 05/02/2026 16:35
KSS

Почитувани претставници на медиумите,

КСС започнува со постапка за прифаќање на понудата за зголемување на платите на административните службеници во рок од 25 до 26 месеци почнувајќи од 01.03.2026 година завршувајќи до 01.03.2028 година, и заедно со линеарното покачување дополнително ќе се покачуваат платите по 8% секоја година, за кој веќе е започаната подготовката на поединечни колективни договори, со цел зголемувањето на платите во администрацијата да стане реалност без да се изгуби времето на работниците !, се вели во соопштението од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), што МИА го објавува интегрално.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) уште од првиот момент ја прифати понудата кога таа беше изнесена, без опструкции, без калкулации и без злоупотреба на работниците. Нашиот став беше и останува јасен – секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш.

Во изминатиот период јавноста е сведок на обиди за создавање лажна слика дека не постоела реална можност за покачување на платите и дека некој друг е виновен за изгубеното време на работниците. Вистината е поинаква и мора јасно да се каже.

Понуда за покачување на платите постоеше и беше ставена на маса. Наместо таа да биде прифатена и да се оди кон конкретна реализација во интерес на работниците, процесот беше свесно опструиран од страна на УПОЗ и ССМ. Поради ваквиот пристап, работниците изгубија неколку драгоцени денови и месеци, не поради суштинска борба за права, туку поради дневнополитички популизам и обиди за собирање поени преку протести без резултат.

Под притисок на преговорите на КСС и САДУ вистината излегува на виделина и она што ССМ сакаат да го прикажат како неуспех, е успех за работниците. Како може да се каже дека социјалниот дијалог не функционира, кога КСС преку социјален дијалог успеа да се зголемат платите во образование, здравство, полиција, а во одбараната да се почитува колективниот договор и да се исплаќаат сите додатоци на плата!

Вистинската синдикална борба се води со одговорност, искреност и конкретни резултати за работниците, а не со спинови и селективна „загриженост“ што се појавува само кога тоа одговара на нечии интереси.

КСС ќе продолжи да дејствува во интерес на работниците – со дела, а не со празни зборови!

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

Фото: МИА архива 

Continue Reading

Претходно: Зајкова од Брисел: Македонија има целосно право да се самозаштити со европски механизми, исто како што тоа го прави деновиве ЕУ
Следно: Реформска агенда и европскиот пат: Владата го презентираше напредокот пред ЕУ амбасадорите

Поврзани вести

dozd-avtomobil-pat
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Шеталиште 17/02/2026 08:42
dozd-1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

Шеталиште 17/02/2026 07:13
pat_sneg_1000x666-1
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

Шеталиште 17/02/2026 07:09
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка dozd-avtomobil-pat 1
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

17/02/2026 08:42
Прекин на водоснабдување во делови од Битола Untitled-design-43-1 2
  • Битола инфо

Прекин на водоснабдување во делови од Битола

17/02/2026 08:40
И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 3
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 4
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 5
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22

Можеби сте пропуштиле

4
  • Настани

НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“

Шеталиште 17/02/2026 12:54
horoskop-opsta-4
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.02.2026)

Шеталиште 17/02/2026 08:58
donkey-santorini-pxhere-696x385
  • Патувањa

Санторини има нови правила за туристите – превозот со магариња не е достапен за сите

Шеталиште 17/02/2026 08:53
20260217090228_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хронична грануломатозна болест

Шеталиште 17/02/2026 08:51

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани