Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести
  • Македонија

КС Групацијата ја продолжува својата мисија за поддршка на образованието

admin 02/12/2024 00:00
20241202_153624

Битола, ноември 2024 – КС Групација, повторно демонстрирајќи ја својата
посветеност кон грижата за унапредување на општеството и отворање на нови можности за младите, на пригодна свеченост во срцето на Битола, ја претстави својата програма за стипендирање и додели признанија на минатогодишните стипендисти за нивните извонредни академски достигнувања.

На церемонијата беа доделени стипендии и пофалници на студентите Валентин Стојановски и Петар Митревски од Факултетот за информациски и комуникациски
технологии, Анамарија Крстевска и Анастасија Велевска од Меѓународен Славјански Универзитет, како и на средношколецот Марко Зајков од СОУ „Јане Сандански“.

Посебно внимание привлече доделувањето на стипендијата на Ивана Атанасовска, студентка на Мехатроника при Техничкиот факултет во Битола, која ја започна својата прва година на студии.

„Како добитничка на стипендијата, чувствувам огромна благодарност и мотивација да продолжам да ги истражувам моите интереси во областа на мехатрониката. Студиите
на Техничкиот факултет ми нудат можност да се здобијам со напредни знаења и вештини кои ќе ми помогнат да го достигнам својот целосен потенцијал. Стипендијата не е само финансиска поддршка, туку и поттик да продолжам да работам напорно и да ги остварам моите професионални и лични цели, воедно и да се вработам во КС Групацијата,“ изјави студентката Атанасовска.

Програмата за стипендирање на КС Групацијата е дел од долгорочната стратегија за поддршка на образованието и младите таленти во Македонија.

Како дел од своите активности, КС Групацијата активно работи на различни иницијативи кои имаат значително влијание врз општеството. Меѓу нив се спонзорирањето на спортисти и спортски тимови, организирање и поддршката на спортски турнири и настани, како и модернизирањето на училиштата преку обезбедување на современа опрема.

Дополнително, Групацијата вложува во здравството преку донации на медицинска опрема за болници и клиники, како и организирање на крводарителски акции во соработка со Трансфузиологија и Црвениот крст на Битола.

Кампањите за подигнување на здравствената свест со фокус на превентивната заштита, поддршката на уметниците, културните организации и македонската музика, како и менторството на ученици и студенти, се исто така уште еден сегмент кадешто се вложува во унапредување на општеството.

Финансиската директорка на КС Групацијата, Ивона Шурбевска, порача дека поддршката на младите е инвестиција во иднината на општеството.

„Горди сме што преку оваа програма можеме да им помогнеме на талентираните ученици и студенти да ги остварат своите цели. Корпоративното портфолио од хетерогената структура убедени сме дека претставува предност во деловниот свет, каде што на едно место се спојуваат различни интелектуални идеи, искуства и знаења. Брзината на нашиот успех е резултат на нашата посветеност и она што сакаме да го постигнеме. Предизвик не е да се избере најдобрата инвестиција, предизвик е да се избере вистинската.Луѓето пред сѐ, заедно можеме повеќе, е мотото коешто не обединува и води кон заедничките цели, истакна Шурбевска.

Компаниите кои се дел од КС Групацијата и активно придонесуваат кон реализацијата на овие проекти се: „Агроброд“, „Евротип“, „Голд Слот Клуб“, „Голд Фелициа“, „КС Сервис“, „Премиум Сејфти Солушн“ и „77битс“.

Маркетинг директорката Елена Трајчева упати благодарност до вработените, со
посебно признание за нивните неуморни заложби до Благој Наумовски, Ивона Тасевска, Дејан Војводиќ, Магдалена Ристевска, Христијан Брсакоски, Александар
Златановски, Билјана Јанчева, Виктор Новков, Стефан Стефановски, Јелена Шутевска и Валентина Серафимовска.

Без задршка го јакнеме капацитетот на нашата Групација и константно се мотивирани да допринесуваме за нашето општество. Веруваме дека ваквите проекти претставуваат пример за корпоративна општествена одговорност и поттик за сите
компании да вложуваат во образованието и младите.

КС Групацијата ќе продолжи да
работи посветено на создавање можности за младите и да го јакне општествено-економскиот развој на земјата,“ истакна маркетинг директорката Елена Трајчевска.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заедно со останати еминентни личности од државата кои се соработници и поддржувачи на КС
Групацијата.

Повеќе информации за програмата за стипендирање и другите активности на
Групацијата може да се најдат на веб-страницата: www.ksgroup.mk.

Continue Reading

Претходно: Продукциската куќа 77 Ентертејмент во соработка со Голд Фелициа објавува кастинг за нови членови на тимот на Кабаре Шоуто
Следно: Халкидики ден по катастрофата – вонредна состојба на Родос и Лемнос, тројца загинати

Поврзани вести

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40
FB_IMG_1778329156202
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

Димитар Петковски 09/05/2026 12:26
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола FB_IMG_1778351840865 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

09/05/2026 18:32
Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена Aerodrom-skopje 2
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

09/05/2026 12:40
Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид! FB_IMG_1778329156202 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

09/05/2026 12:26
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски sv-vasilij 4
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

09/05/2026 09:10
Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

09/05/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Shetalishte-81
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:47
DSC_1038
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани