КС Групација оваа година го одбележа меѓународниот ден на жената 8-ми март со неколку активности.
Секоја жена, мајка, девојка заслужува признание за својата улога во обликувањето на општеството и за придонесот кој го дава секој ден. Компаниите од КС Групацијата (Голд Фелициа, Голд Слот, Евротип, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт постојано ги поддржуваат и охрабруваат жените, бидејќи токму тие се двигател на општествените промени во секој аспект.
На 6-ти март во ресторанскиот дел на Голд Фелициа се одржа традионалната забава за вработените жени од дирекцијата на КС Групација. Заедничкото дружење придонесува за развивање на тимскиот дух и подобрување на меѓусебната комуникација меѓу вработените со што се подобрува функционирањето на самиот деловен процес на Групацијата.
На 11-ти март претставничките од маркетинг секторот Елена Трајчевска и Јасна Весиќ присуствуваа на настанот „Жена 360° – Инспирација во сите улоги“ во организација на Советот за женско претприемништво, а со поддршка на Општина Битола кој се одржа во Утопија.
Настанот беше одлична можност за споделување на искуства и поврзување со жени кои оставаат силен печат во сите сфери на општественото живеење.
Нашата групација сака да биде пример за сите останати компании и со личен пример да поттикне промени во општеството. Менаџерскиот тим на групацијата сака да акцентира дека родовата еднаквост е важен сегмент од деловното работење и повикува на поголема свесност за овој “феномен” кај сите компании.