Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

КС Групација потпиша меморандум за соработка со УКЛО

admin 20/05/2024 00:00
Screenshot_20240520_155403_Gallery

Во петокот на 17ти мај во просториите на Ректоратот на Универзитетот “Свети Климент Охридски”-Битола, беше потпишан Меморандум за меѓусебна соработка помеѓу компаниите кои се дел од КС Групацијата и Универзитетот “Свети Климент Охридски”-Битола. Договорот ја вклучува програмата за стипендирање која КС Групација ја започна уште минатата година и активно ја промовираше на неколку единици од универзитетот во изминатиов период. Потписници на договорот беа сопственикот на КС Групација господинот Никола Митровски и ректорот на Универзитетот “Свети Климент Охридски”-Битола, проф. д-р Игор Неделковски.

      Овој Меморандум за соработка е резултат на програмата за општествена одговорност на КС Групација чиј основен постулат е вложување во иднината на новите генерации. Младите се идните лидери на ова општество и затоа е најважно да се вложи во нивното образование бидејќи она што ќе се посее тоа и ќе се жнее. Програмата за стипендирање на КС Групација ги опфаќа средношколци и студенти и вклучува двомесечна платена пракса со менторска подршка во канцелариите на Групацијата во Битола. Овој Меморандум претставува симбиоза во соработката помеѓу два клучни ентитети во општеството и тоа образовните институции и бизнис заедницата која на директен начин поттикнува синергија помеѓу образовниот и бизнис секторот. Оваа синергија е најважниот елемент во обликувањето на идните академски граѓани кои несомнено ќе треба да го превземат кормилото на нашиот општествен брод кој е соочен со тонење ако не се реагира навремено.

“Нашата програма за стипендирање ги опфаќа сите студенти почнувајќи од бруцоши па се до апсолвенти. Ние доделуваме стипендии за 10 месеци вклучувајќи и платена пракса од 2 месеци со што нашите стипендии добиваат формат на годишно стипендирање со исплати на месечно ниво. Стипендиите имаат раст во зависност од успехот на студентот и најважно од се нашата групација доделува неограничен број на стипендии. По завршувањето на програмата за стипендирање нашите стипендисти стануваат дел од нашиот тим бидејќи самата програма нуди можност за вработување. Сигурни сме дека на овој начин придонесуваме за професионален раст и развој на студентите и им даваме мотив да останат во својата родна земја. Минатата година доделивме стипендии на студенти од Факултетот за информатички и комуникациски технологии. ” – изјави Марија Бошевска од секторот за човечки ресурси од КС Групација.

Преку поддршката на образованието и професионалниот развој на учениците и студентите компаниите можат директно да учествуваат во подобрувањето на општествената слика на една држава. Затоа КС Групацијата сака со личен пример да ги поттикне останатите компании од своето деловно опкружување да покажат повисок степен на општествена одговорност бидејќи само со здружени сили може да се подобри нашето живеење. КС Групација ќе продолжи со својата програма за општествена одговорност и ќе се труди постојано да ја подобрува и надоградува со елементи кои смета дека се од клучно значење за обезбедување на подобри услови за раст и развој на сите луѓе во општеството.

Подетални информации околу програмата за стипендирање на КС Групација може да прочитате на следниов линк: https://klubsport77.mk/stipendii/

Continue Reading

Претходно: Тим од КС групација дел од третиот регионален “Марили бизнис форум” во Скопје
Следно: Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Поврзани вести

img_5206-750x375
  • Битола инфо

Битола воведува бесплатен паркинг за лица со аутистичен спектар – одлуката едногласно усвоена

Шеталиште 07/07/2026 11:38
pozar-1
  • Битола инфо

Пожар зафати камиони и електрична бандера во Битола

Шеталиште 06/07/2026 11:29
57571
  • Битола инфо

Општина Битола во силна офанзива: Набавка на електрични велосипеди и комплетна реконструкција на 26 спортски терени

Шеталиште 03/07/2026 09:45
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“ 98765 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

12/07/2026 05:59
Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 3
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 4
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 5
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34

Можеби сте пропуштиле

98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани