Битола инфоМакедонија

КС Групација со нова донација во здравството

КС Групацијата, преку своите компании Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа,
Премиум Сејфти Солушн, 77Софт, 77 Ентертејнмент и Агроброд, продолжува со својата мисија за општествена одговорност.

 Со донација за одделението за физикална медицина и рехабилитација во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ во Битола, уште еднаш ја покажува својата посветеност кон поддршката на здравствениот сектор и
подобрувањето на условите за сите граѓани.

Донацијата вклучува 5 телевизори, мебел за опремување на амбулантите на
одделението како и медицински реквизити кои се важни за процесот на рехабилитација и реедукација на пациентите кои се лекуваат на самото одделение.

Со оваа донација КС Групацијата продолжува со својата општествено одговорна мисија насочена кон поддршка на здравствените институции во државата со цел подобрување на условите
за работа и овозможување на поквалитетно здравство за сите граѓани.

“Како раководител на одделението за физикална медицина и рехабилитација сакам да се заблагодарам на КС Групацијата за нивниот позитивен одговор кон нашето барање
за донација. Со оваа донација ќе се подобрат условите за работа, престојот и
лекувањето на пациентите на нашето одделение. Медицинските реквизити кои се дел од донацијата ќе ни помогнат да обезбедиме поквалитетна и поефикасна рехабилитација на нашите пациенти. Се надевам дека соработката со КС Групација ќе продолжи и во иднина бидејќи нивната посветеност кон заедницата има големо
значење за нашата болница.” изјави раководителот на одделението за физикална медицина и рехабилитација Др. Јулијана Ѓоргиева.

КС Групација верува во силата на општествената одговорност и секојдневно се стреми да ги поддржува локалните иницијативи кои се насочени кон унапредување на квалитетот на животот.

Донацијата на Одделението за физикална медицина и рехабилитација е само еден од многуте чекори на групацијата во контекст на нејзината долгорочна посветеност кон општествената одговорност и благосостојбата на заедницата.

За повеќе информации за општествената одговорност на КС Групација следете ја веб страната на Групацијата https://ksgroup.mk/

Поврзани новости