КС Групација со свој штанд беше дел од Саемот за кариера – CAREER EXPO 2026, кој се одржа во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ во Битола.
Настанот претставуваше одлична можност за директна комуникација со студентите и запознавање со нивните интереси и кариерни очекувања. На штандот беа присутни претставници од секторите за човечки ресурси и маркетинг, кои ја претставија програмата за стипендирање на КС Групација, како и актуелните можности за вработување во ИТ секторот.
На штандот беа присутни и двајца тековни стипендисти на КС Групација. Тие споделија лично искуство за програмата за стипендирање и за можностите за професионален развој во КС Групација.
Големиот интерес и посетеноста на нашиот штанд ја потврдија атрактивноста на програмата за стипендирање на КС Групација, која нуди поволни услови и е наменета за студенти од сите студиски години – од бруцоши до апсолвенти.
Во рамки на КС Групација функционираат повеќе успешни компании од различни области, меѓу кои: Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа Тетово, Голд Фелициа Битола, 77 Софт, 77 Ентертејнмент, Агро Брод и Премиум Сејфти Солушн кои нудат можности за професионален развој и кариера во динамична и современа работна средина.



