Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Кузеска: Неспособна и токсична власт, СДСМ бара политичка и кривична одговорност за еколошката катастрофа

Шеталиште 14/09/2025 11:38
Bogdanka-Kuzeska

Македонија е веќе опасно место за живеење. Ова што се случува е срам за една држава и една власт која тоне во хаос поради неспособност и рамнодушност. Над 500 илјади жители на Скопје и околината се во опасност и здравствен ризик поради отровен чад од пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште а власта се крие зад измислени приказни за хибриден напад, наведува на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, што МИА ја пренесува интегрално.

На Скопје му се случува еколошка катастрофа а неспособноста власт нема ниту капацитет ниту знаење да се справи со состојбите.

ВМРО-токсична создаде хаос кој граѓаните го плаќаат со најскапото нешто, нивното здравје.

Скопјани се трујат со канцерогени материи ниту една институција не реагираше навреме, власта, институциите, закаснија со реакциите.

Додека граѓаните вдишуваа загаден воздух, на власта поважно и беше да ја обвинува опозицијата наместо да реагира веднаш и соодветно.

Ниту една институција не излезе навреме да каже барем основни информации и препораки што треба да прават граѓаните,  колку е голема опасноста од пожарите, особено оној во Трубарево и како да се заштитат. А станува збор за горење на опасни, канцерогени материи.

СДСМ и претседателот Филипче беа првите кои реагираа и дадоа препораки до граѓаните да се заштитат.

По бурните реакции доцна вечерта Министерството за здравство излезе со некакви препораки, цитирам, „за подрачја каде постои ризик  од загаден воздух да се остане внатре“ но не ги соопштува кои се тие подрачја.

Скопјани се уште не знаат колкаво е загадувањето, кои се опасните канцерогени материи и колкав е ризикот од оваа еколошка бомба, од оваа опасност во воздухот кој го дишат секој ден.

Остануваат отворени прашањата колкаво количество токсичен отпад изгоре вчера, колкава беше концентрацијата на отровни, корозивни и опасни материи за здравјето на луѓето кои се шират низ воздухот.

Дали денес воздухот во Скопје во кој се уште се чувствува мирис на изгорена пластика содржи отровни и канцерогени честички?

Дали е целосно безбедно да се биде на отворено во одредени делови на Скопје и околината, за деца, бремени жени, возрасни, болни?

Ова е врв на неодговорност и незаинтересираност. Оваа држава како да нема институции кои се способни нешто направат. Наместо горда, стана држава во хаос. Наместо твоја, Македонија изгоре.

Клучните луѓе во државата наместо да преземат одговорност и решенија измислуваат изговори и се обидуваат својата неспособност да ја префрлат на други.

Премиерот Мицкоски вели дека „воздухот во Скопје само изгледа загаден ама не е алармантен“.

Стојанче Ангелов зборува за хибриден напад, како да сме во шпионски филм, а не во реална еколошка катастрофа.

Панче Тошковски е целосно загубен помеѓу измислените приказни и префрлање на одговорноста на некој друг и исто како да не постои.

Орце Ѓорѓиевски не гледа чад, туку „политички пожари за политички поени“.

А граѓаните се гушат а не гледаат институционален одговор на оваа еколошка катастрофа.  Нема ниту еден институционален план. Ниту една мерка. Ниту едно решение.

Ова е опасна комбинација на некадарност, безобразие и криминална рамнодушност.

Бараме:

-итна и темелна истрага за сите овие случаи и одговорност. Политичка и кривична одговорност за сите што го прекршиле законот но и за оние од институциите кои не постапиле навреме а имале обврска да го сторат тоа.

Одговорност за овој екоцид мора да има.

СДСМ уште еднаш предупредува:  Македонија стана опасно место за живеење.  Наместо држава, имаме шатор на циркузантска влада која прави шоу додека горат депонии и фабрики.

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

На Скопје му се случува еколошка катастрофа а неспособноста власт нема ниту капацитет ниту знаење да се справи со состојбите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

На денешната прес-конференција таа посочи дека несправувањето со пожарите што се случуваат во Дрисла, Вардариште и вчерашниот во Трубарево се срам за една држава и една власт која тоне во хаос поради неспособност и рамнодушност.

„Македонија е веќе опасно место за живеење. Над 500 илјади жители на Скопје и околината се во опасност и здравствен ризик поради отровен чад од пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште а власта се крие зад измислени приказни за хибриден напад. ВМРО-токсична создаде хаос кој граѓаните го плаќаат со најскапото нешто, нивното здравје“, рече Кузеска.

При тоа, Кузеска обвини дека додека скопјани се трујат со канцерогени материи ниту една институција не реагираше навреме, власта, институциите, закаснија со реакциите.

„Додека граѓаните вдишуваа загаден воздух, на власта поважно и беше да ја обвинува опозицијата наместо да реагира веднаш и соодветно. Ниту една институција не излезе навреме да каже барем основни информации и препораки што треба да прават граѓаните,  колку е голема опасноста од пожарите, особено оној во Трубарево и како да се заштитат. А станува збор за горење на опасни, канцерогени материи“, рече Кузеска.

На прес-конференцијата таа посочи дека СДСМ и претседателот на партијата д-р Венко Филипче беа првите кои реагираа и дадоа препораки до граѓаните да се заштитат.

„По бурните реакции доцна вечерта Министерството за здравство излезе со некакви препораки, цитирам, „за подрачја каде постои ризик  од загаден воздух да се остане внатре“ но не ги соопштува кои се тие подрачја.Скопјани се уште не знаат колкаво е загадувањето, кои се опасните канцерогени материи и колкав е ризикот од оваа еколошка бомба, од оваа опасност во воздухот кој го дишат секој ден“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Continue Reading

Претходно: Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево
Следно: Митева: Нема лица од Трубарево кои доброволно се евакуирале во Центарот за обука на МВР

Поврзани вести

sv._petka_-_istochen_petok_balaklija_kraj_h._belvi_5.jpg-696x1044
  • Македонија

Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи

Шеталиште 17/04/2026 07:22
soncevoo
  • Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Шеталиште 17/04/2026 06:14
aerodrom--1536x1084
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

Димитар Петковски 16/04/2026 11:50
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп policija-8 1
  • Прилеп инфо

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп

17/04/2026 09:38
Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак 3policija-420x240-138854-1 2
  • Битола инфо

Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак

17/04/2026 09:35
Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години 360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683 3
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

17/04/2026 07:27
Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи sv._petka_-_istochen_petok_balaklija_kraj_h._belvi_5.jpg-696x1044 4
  • Македонија

Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи

17/04/2026 07:22
Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран nafta-1 5
  • Свет

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран

17/04/2026 07:20

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Прилеп инфо

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп

Шеталиште 17/04/2026 09:38
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак

Шеталиште 17/04/2026 09:35
360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

Шеталиште 17/04/2026 07:27
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.04.2026)

Шеталиште 17/04/2026 07:23

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани