Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Кузеска: Околината на Свети Николе се јавува како клучна точка каде што се правел претовар на дрогата

Шеталиште 02/03/2026 15:15
bogdanka-kuzeska

Над 30 дена, повеќе од еден месец, нема одговори за најголемиот нарко скандал во регионот со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Како 5 тони дрога поминале граница? И кој од врвот на власта ќе одговара? Од сите информации кои досега се достапни јасно е дека станува збор за високо организирана криминална група која не можела да функционира без поддршка од лица на највисоки позииции во власта, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партиската портпаролка Богданка Кузеска, што МИА го пренесува интегрално.

Медиумската магла којашто власта се обиде да се пласира со лажна кампања после оваа акција, за пренасочување на вниманието на претходни влади се расчити.

Кампања со обиди да се вмеша СДСМ и опозицијата за да се амнестира актуелната власт не успеа.

Сега е време за одговорност во врвот на актуелната власт.

Кои се трите клучните аспекти за одговорност за овој нарко скандал?

Околината на Свети Николе се јавува како клучна точка каде што се правел претовар на дрогата.

Од фабриката на кругот на ОХИС “Алфафарм“ дрогата била натоварена и транспортирана до Свети Николе. Внимавајте, без полициска придржуба како што налагата законите.

Кој ова го дозволил е првото клучно прашање? Зошто не е правена конрола во фабриката?

Оваа фирма, која работи во просториите на ОХИС, е основана во мај 2024, во време на ВМРО. Дрогата била свежа, одгледана во време на актуелната власт. А пакувањето во кругот на Охрис започнало во средината на декември 2025 година.

Од втора фабрика, Грин лајф имало исто така пратка со дрога.

Сите овие пратки ја поминале слободно половина Македонија.

На 65 илјади камери, на патроли, контроли никој ништо не проверил. Случајно?

Значи одговорни во македонската полиција и бебзедносните служби мора да бидат први кои ќе бидат опфатени со барањето одговорност.

Одиме понатаму.

Дрогата била препекувана како перници и на тој начин се пренесувала преку македонската граница.

На толку скенери, контроли, никој ништо не презел. Случајно?

Значи одоворни во македонската царина исто така мора да бидат опфатени со барањето  поврзаност.

Конечо, целата пратка од 5 тони завршила во магацин на локални функционери на СНС во Србија, сестринска партија на ВМРО.

Бил близок со српскиот министер за одбрана Гашиќ и изјавил дека станува збор „за државна работа“.

Ова е третиот аспект на поврзаност со блиска политичка структура во двете земји.

Што правиме сега Мицкоски?

Пак дефокус со Харис Џиновиќ, Дубаи ил имате нови идеи?

СДСМ нема да дозволи овој случај да се заташка.

Не може да има уапсени се магационери, превозници и сопственици на фирми, а главните организатори на овој шверц да се кријат.

Кој од власта ќе одговара?

Одговор на новинарско прашање

Како знае ВМРО-ОКГ што ќе каже Груби, ако сè не е договорено?

ВМРО-ОКГ секојдневно го потврдуваат тоа што го зборуваме од самиот почеток – уште од декември мината година, и сите овие факти што ги гледа јавноста се само потврда

Како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Груби, ако сè не е наместено? Како однапред знаат и најавуваат од партиска говорница што ќе каже, па дури и листи со имиња споменуваат?

Ова дефинитивно е класична режија.

Иста беше ситуацијата кога портпаролката на Владата, Марија Митева, јавно на телевизија кажа дека однапред знае како ќе заврши судски процес против Андреј Жерновски. Кој тоа однапред знае судски пресуди? Само тие што ги договараат.

Театарот со Груби започна на граница – со очила, насмевка, камери. Само црвен килим недостасуваше и Христијан Мицкоски лично да го пречека.

Прво имало безбедносна проценка. Па немало. Дале МВР и АНБ. Па не дале. Имало странски служби. Сега слушаме – немало никаква проценка.

Тогаш врз основа на што обвинителството донело одлука? Кој ја нарачал одлуката?

Мицкоски на телевизија елиминира јавни обвинители, негов советник се назначува за судија. На сите веќе се им е јасно.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Објавен јавен повик за пријавување интерес од трговските компании за учество во програмата за ваучери за инвертер-клими за ранливи домаќинства
Следно: Лефков: СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија, преку случајот со државјанството на рускиот државјанин Онишченко

Поврзани вести

Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

Шеталиште 15/03/2026 09:32
Turska-banja-Prilep
  • Вести
  • Прилеп инфо

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

Шеталиште 15/03/2026 09:31
30.08.2025 (23 of 37)
  • Вести
  • Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3

Шеталиште 15/03/2026 09:28
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59 1
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

15/03/2026 09:32
Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност Turska-banja-Prilep 2
  • Вести
  • Прилеп инфо

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

15/03/2026 09:31
Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3 30.08.2025 (23 of 37) 3
  • Вести
  • Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3

15/03/2026 09:28
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози Soobrakjaj 4
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

15/03/2026 09:26
Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд soncevo 5
  • Вести
  • Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

15/03/2026 09:24

Можеби сте пропуштиле

rade-siljan
  • Култура
  • Настани

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија

Шеталиште 15/03/2026 09:38
Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

Шеталиште 15/03/2026 09:32
Turska-banja-Prilep
  • Вести
  • Прилеп инфо

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

Шеталиште 15/03/2026 09:31
30.08.2025 (23 of 37)
  • Вести
  • Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3

Шеталиште 15/03/2026 09:28

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани