Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Кузеска: СДСМ открива нов скандал, среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Шеталиште 19/09/2025 13:58
Bogdanka Kuzeska

Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ освен што не успеа да се справи со пожарите сите активности ги сведе на лажен ПР и манипулации. Пред неколку месеци, власта најави ангажирање на 400 пожарникари преку општините, со месечен надоместок од 24.000 денари, се наведува во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.

Им ветија обуки, ангажман, а на најдобрите и трајно вработување. Се спроведе селекција, се направи избор, се анжараа. Поминаа месеци. И што се случува со овие 400 пожарникари по општините?

Според информациите кои до нас ги доставија свиркачи сите тие 400 млади луѓе што беа примени во август заклучно со 17 септември сè уште немаат земено ниту една плата!

Извори во различни општини информираат дека исплатата е блокирана и не може да се реализира поради изборите, бидејќи станува збор за „вонредно плаќање“.

Јавно го прашуваме премиерот Мицкоски дали е ова точно?

Ако е се потврди, ова значи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги излажала граѓаните, свесно ги излажала овие млади луѓе. Ги искористила за политичка реклама, а потоа ги оставила без денар. А граѓаните без потребната заштита.

Срамно и понижувачко.

Во време на пожари и еколошки катастрофи, оваа власт е неспособна и измамничка.  Наместо да го зајакнат противпожарниот систем и да ја зголемат безбедноста на граѓаните, тие направија евтин ПР.

Кој сега ќе понесе одговорност за оваа катастрофа?

Или и за ова ќе ги обвинувате измислени хибридни напади и центри на моќ?

Со вакви лаги и манипулации, нема да го зајакнете системот за заштита и спасување – само ја губите довербата на граѓаните и ја уништувате безбедноста на државата.

Изгоре 20% од територијата, горат депонии, народот се гуши. Кој во власта ќе одговора за катастрофата со пожарите?

Прес конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска

Continue Reading

Претходно: Класичен домашен рецепт за вкусен ајвар
Следно: Владата со демант: СДСМ повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

Поврзани вести

20261005093245_big_730x400_9
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Шеталиште 05/10/2026 07:53
foka-jona-780x470
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

Шеталиште 05/10/2026 06:20
zname-2-640x427-107237-316064-1
  • Македонија

Ќе се менува Законот за празниците? – Комората со предлози за помалку неработни денови

Шеталиште 05/10/2026 05:56
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 1
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 3
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 4
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53
Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето foka-jona-780x470 5
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

05/10/2026 06:20

Можеби сте пропуштиле

img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47
image (11)
  • Занимливости

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Шеталиште 05/10/2026 08:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани