Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Кузмановски и Митревски ја одбранија честа на Македонија на првата контролка против актуелните светски вицешампиони Хрватска

Димитар Петковски 29/12/2025 00:18
20251228_221520

Мaкедонската ракометна селекција загуби на пријателскиот меч во Хрватска со (26-23).

Премногу технички грешки и промашени зицери но затоа до самиот крај имавме -1, и со одличниот на голот Митревски 13 одбрани, кој беше во сенка на играчот на мечот на спротивниот гол, Славиќ како и 7 погодоци во клучни периоди на Филип Кузмановски сепак не дозволвиме повисок пораз, на како што не’ нарекоа коментаторите на РТЛ, фаворизираната Македонија.

Селекторот Кирил Лазаров покрај повредениот Карасманакис и оправдано отсутниот Томовски го имаше скоро целиот расположлив состав за комбинирање.

На спортивната страна исланѓанецот Дагур Сигурдсон кој ја води Хрватска му недостигаа скоро сите играчи кои настапуваат од Бундеслига, Француската и Унгарскиот Шампионат и настапи на овој пријателски меч против Македонија со домашни сили од хрватскиот шампионат плус голманот и играч на мечот Дино Славиќ и Антонио Токиќ кој настапуваат во Лимогес Франција како и Леон Љевар кој игра за Слован во Словенија.

Иако Хрватска го заврши натпреварот со два црвени картони, едниот, директен, му беше доделен на капитенот Филип Главаш поради невнимателен фаул на крило над Атанасијевиќ, додека другиот му беше доделен на Јосип Шимиќ поради три исклучувања.

Од 3-тата минута кога Митев погоди за 2-1 и неколку голови на Кузмановски за 6-6 и 7-7, Македонија испреплетена во технички грешки, загубени топки , промашени зицери скоро цело прво полувреме се мачеше да пронајди ритам, неколкуте промашени пенали на Костевски Никола па потоа и на Кузмановски, загубени топки од Јагуриновски, Ѓоргиев, промашени зицери од Серафимов кој цело прво полувреме не успеа да го совлада одличниот Славиќ.

Вториот дел донесе позитивна енергија во игра влегува помладиот од браќата Костески овој пат Ненад кој постигна неколку голови на почетокот како и шанса доби младиот Галевски кој одбрани 2 пенали и еден од игра на хрватите. Шанса од 7 метри покрај Кузмановски, доби и Серафимов кој погоди , Атанасијевиќ намали на минус еден за 20-19, потоа домаќините останаа без Филип Главаш кој заработи директен црвен картон по стартот над нашиот ракометар. Потоа на семафорот беше 21-20 во 50-тата минута па следеа 23-21, селекторот Лазаров имаше тајм-аут, со желба да победиме или минимално да бидиме поразени како што кажа во првиот дел на тајм-аутот. Ние во следниот напад не погодивме, наредно Шимиќ доби трето исклучување и црвен картон, па се надевавме на нова шанса за егал пред самиот крај.

Но наместо нерешено или минус еден,  повторна техничка грешка и хрватите погодија од контра, додека преку Костески стигнавме на 24-23, но Љевар постигна гол за 25-23 и во следниот напад повторно од крило не успева Џонов да го совлада одличниот, Дино Славиќ кој собра 15 одбрани. За конечниот резултат 26-23 се погрижи Токиќ во последните 10 секунди од крило постигнувајќи гол.

За Македонија – Митревски 13 одбрани, Галевски два седмерци, Кузмановски седум гола, по три: Костески Ненад и П. Атанасијевиќ.

Кај Хрватска: Славиќ кој беше играчот на мечот со 15 интервенции, потоа шест гола – Љевар, по четири голови постигнаа: Павловиќ, Токиќ и Свржњак.

Македонските ракометари се враќаат на 30 декемвври, следува кратка пауза па патуваат на Турнир во Швајцарија на 7 јануари,каде ги очекуваат дуелите со Бахреин, Украина и Швајцарија, и потоа оттаму директно за Данска и Хернинг.

Continue Reading

Претходно: Македонија губи на полувремето во Пореч, шоуто за голманот на Хрватска – Славиќ (Видео)
Следно: Студено утро, сончев ден – температури до 12 степени

Поврзани вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
UJP-foto
  • Вести
  • Економија

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат

Шеталиште 14/01/2026 17:51
karneval-vevcani
  • Вести
  • Македонија

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал

Шеталиште 14/01/2026 17:48
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 1
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 2
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 3
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00
Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали IMG_6138 4
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

16/01/2026 12:56
Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа img_6127-750x375 5
  • Прилеп инфо

Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа

16/01/2026 12:52

Можеби сте пропуштиле

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
IMG_6138
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

Шеталиште 16/01/2026 12:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани