Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер освои бод на гостувањето против полската екипа Вибржеже Гдањск.
Битолскиот колектив понесен од одлично расположениот Филип Кузмановски, одиграа нерешено 31:31 во дуелот од 2.коло од Лига Европа. Пелистерци во најголемиот дел од натпреварот имаа водство и пред самиот крај од +3 во нивна полза дозволија во последниот напад да спасуваат бод кога со удар од 9 метри пред самиот крај, имаше 212 високиот ракометар и екс полски репрезентативец, Томас Гебала кој заврши над голот (видео).
Покрај капитенот Кузмановски кој постигна 15 погодоци, одличен беше и новиот играч Н’Танзи со 7 голови, кај противникот Томчак постигна 8. Во другиот натпревар од групата Г, бундеслигашот Гумерзбах кој е и следен противник на битолчани ја забележа првата победа, откако на гостински терен во Шпани ја совлада Ла Риоха со 30-34.

