Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Кузманоски: Заедно да ја вратиме Општина Новаци на граѓаните

Шеталиште 31/07/2025 13:21
526853446_1326595992802237_3055721306859396560_n

Кандидатот за градоначалник на Општина Новаци од редовите на СДСМ, Љубе Кузманоски, преку јавно обраќање до жителите на општината ја најави својата кандидатура и визијата за нов четиригодишен мандат, повикувајќи на заедништво, доверба и транспарентно водство.

„Вашата поддршка е огромна, инспиративна и ми дава сила да продолжам понатаму. Одлуката да се ставам повторно во служба на моите сограѓани ја донесов со силна убеденост дека заедно можеме да испишеме нова успешна историја за нашата општина“, истакна Кузманоски.

Во своето обраќање, тој потенцира дека Општина Новаци заслужува модерно, ефикасно и услужно локално раководство кое секогаш ќе биде достапно за граѓаните. Кузманоски се обврза дека во наредниот период лично ќе ги посети сите населени места, ќе разговара директно со жителите, ќе ги сослуша нивните предлози и заедно со нив ќе ја креира програмата за развој на општината.

„Повторно ќе имате градоначалник кој ќе ве прими, ќе ве сослуша и заедно со вас ќе ги решава проблемите, еден по еден. Програмата нема да биде напишана во канцеларија, туку заедно со вас – за вас“, рече Кузманоски.

Тој потсети дека од 2017 до 2021 година веќе ја извршуваше функцијата градоначалник и токму во тој период, како што рече, бил секојдневно достапен за жителите и се реализирале бројни проекти во сите населени места.

Кузманоски истакна дека неговата визија е Новаци да стане европска, зелена, моќна и праведна општина каде секој граѓанин ќе се чувствува важен и почитуван. Тој вети искрен и чесен пристап, без лажни ветувања и празни надежи.

„Ни претстои голема борба, но со јасна цел, сплотени и обединети, ќе успееме. Да си ја вратиме општината на граѓаните, таму каде што припаѓа: отворена, отчетна и транспарентна“, порача Кузманоски.

Со ова обраќање, тој официјално ја започна својата изборна кампања со јасна порака: „Општина Новаци – Твоја иднина!“

Continue Reading

Претходно: Могила се гради и чекори напред: Саботковски ја побара поддршката за втор мандат
Следно: Битола дел од проект за енергетски ефикасни и отпорни комунални претпријатија

Поврзани вести

gorigeic
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев се врати во редовите на чешкиот шампион (Фото)

Димитар Петковски 16/11/2026 16:49
Битолчанец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, полицијата го приведе
  • Вести
  • Битола инфо

Битолчанец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, полицијата го приведе

Васка М.Младеновска 16/11/2026 13:39
Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените
  • Вести
  • Македонија

Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените

Васка М.Младеновска 16/11/2026 13:22
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев се врати во редовите на чешкиот шампион (Фото) gorigeic 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев се врати во редовите на чешкиот шампион (Фото)

16/11/2026 16:49
Ново поглавје во здравството: Во Прилеп успешно изведена првата лапароскопска интервенција 20261116151138_big_730x400_7 2
  • Прилеп инфо

Ново поглавје во здравството: Во Прилеп успешно изведена првата лапароскопска интервенција

16/11/2026 16:32
Од полноќ ново намалување на цените на горивата nis_piu_motorno_gorivo1-1 3
  • Економија

Од полноќ ново намалување на цените на горивата

16/11/2026 14:05
По повеќечасовна потрага пронајден е планинар кој се изгубил во Мариово 645541603_27079863801613746_784269200017772072_n-1170x878 4
  • Прилеп инфо

По повеќечасовна потрага пронајден е планинар кој се изгубил во Мариово

16/11/2026 14:01
Битолчанец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, полицијата го приведе Битолчанец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, полицијата го приведе 5
  • Вести
  • Битола инфо

Битолчанец физички ја нападнал вонбрачната сопруга, полицијата го приведе

16/11/2026 13:39

Можеби сте пропуштиле

gorigeic
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев се врати во редовите на чешкиот шампион (Фото)

Димитар Петковски 16/11/2026 16:49
20261116151138_big_730x400_7
  • Прилеп инфо

Ново поглавје во здравството: Во Прилеп успешно изведена првата лапароскопска интервенција

Шеталиште 16/11/2026 16:32
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Од полноќ ново намалување на цените на горивата

Шеталиште 16/11/2026 14:05
645541603_27079863801613746_784269200017772072_n-1170x878
  • Прилеп инфо

По повеќечасовна потрага пронајден е планинар кој се изгубил во Мариово

Шеталиште 16/11/2026 14:01

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани