Населбата Баир со години се соочува со сериозни инфраструктурни и комунални проблеми кои не можат да се решат преку ноќ, но можат – и мора – да се решаваат плански, доследно и со јасна визија.
Како иден градоначалник, мојата цел е преку постепен и фазен пристап да ги подобриме условите за живот во Баир – од уредување на улиците и тротоарите, преку реконструкција на канализационата и водоводната мрежа, до решавање на проблемите со осветлување, отпад и јавна хигиена.
Ќе започнеме со приоритетите што најмногу ги засегаат жителите – пристапност, безбедност и чиста животна средина, а секој чекор ќе биде транспарентен и усогласен со граѓаните.
Баир заслужува достоинствен живот и еднаков третман како и секој друг дел од Битола. Овој пат нема да има празни ветувања – ќе има реален план, јасни рокови и видливи резултати вели Методија Куновски.

