Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Куновски: 4 години разочарувања, нула резултати на Коњановски и ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Шеталиште 23/08/2025 12:40
Metodija Kunovski

После 4 години разочарувања, доаѓа крајот на работењето на Тони Коњановски за тебе-мене, за мала група луѓе, за ВМРО-ДПМНЕ! Битола ќе избере градоначачник што го става Човекот пред сѐ!, се наведува во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски, што МИА го пренсува интегрално.

Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност, лицемерие. Раскопани, небезбедни, калливи и нефункционални улици. Денес се асфалтира, утре се прекопува, пак се асфалтира и одново се прекопува. Четири години слушаме изговори наместо одговори кој го промашил кружниот тек кај Ветеринарната, улицата Бурса, улицата Стив Наумов и многу други. Никој за ништо не одговара!

За 4 години, Коњановски ја претвори Битола во град – загубар. Јавните претпријатија се во долг од над 3 милиони евра, а една нова лопата не е купена. Укинати се слободните 15 минути паркинг, а нови паркинг места нема. Најблиската катна гаража во Битола, е во Прилеп!

Зголемена е цената на водата, а секој втор ден жителите на повисоките места во Битола немаат вода!

Сите училишта вкупно должат скоро 50 милиони денари, a некои се затворени оти крововите им прокиснуваат. Без градинка остана Бистрица и околните села!

За четири години, Коњановски потроши над 150 милиони евра, а не изгради ниту еден од капиталените објекти што ги гарантираше! Го нема новиот спортски комплекс, новото училиште во Буковски ливади, петте кружни текови, Копанки, големата странска инвестиција и новите работни места во Жабени. Наместо тоа, битолчани добија, импровизиран кружен тек кај Стрелиште, сообраќаен хаос, депонии на местата на срушените гаражи!

И она што СДСМ го изгради во минатите години, ВМРО-ДПМНЕ го уништи! Градот е без Сообраќаен центар за полагање возачки испити!

Коњановски немаше пари за поддршка на ранливи категории семејства, а заедно со тајфата потроши над 4.000.000 денари за јадење и пиење во битолските кафеани. Си купи и нови возила за 10.000.000 денари од фирма блиска на министерот за надворешни работи!

Коњановски за 4 години ја однесе Битола во слепа улица во која граѓаните се небезбедни и животно загрозени од бездомни кучиња! Градот е уназаден, унаказен и заглавен во долгови!

За среќа, денешниот е последен отчет на градоначалникот во заминување, Тони Коњановски. После 4 години разочарувања, битолчани ќе изберат одговорна, транспарентна и отчетна локална власт! Битола заслужува градоначалник кој нема да работи за тебе, за мене, за себе, туку за сите!

Прес конференција на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола, Методија Куновски

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

Continue Reading

Претходно: ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен
Следно: Мицкоски: За четири години реконструирани се патишта во должина од над 770 километри, модернизирани се над 400 училишта, околу 70 градинки, завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта или детски рекреативни терени

Поврзани вести

Screenshot_20260419_150257_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 20/04/2026 13:52
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

Кривични пријави за двајца битолчани кај кои е пронајдена марихуана

Шеталиште 20/04/2026 10:44
Screenshot_17
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

РК Вардар 1961 во машка и ЖРК Ѓорче Петров во женска конкуренција ги освоија 18. и 19. пехар во своите истории (Видео)

Димитар Петковски 19/04/2026 20:45
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција Screenshot_20260419_150257_Facebook 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција

20/04/2026 13:52
За денар ипол се намалуваат цените на горивата во Македонија goriva-1 2
  • Економија

За денар ипол се намалуваат цените на горивата во Македонија

20/04/2026 13:32
Кривични пријави за двајца битолчани кај кои е пронајдена марихуана 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

Кривични пријави за двајца битолчани кај кои е пронајдена марихуана

20/04/2026 10:44
Минималната синдикална кошничка за април е 68.797 денари market-kosnicka 4
  • Економија

Минималната синдикална кошничка за април е 68.797 денари

20/04/2026 10:43
Силен земјотрес од 7,5 степени ја погоди Јапонија и земјата се спрема за огромно цунами branovi-japonija-2 5
  • Свет

Силен земјотрес од 7,5 степени ја погоди Јапонија и земјата се спрема за огромно цунами

20/04/2026 10:01

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260419_150257_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 20/04/2026 13:52
goriva-1
  • Економија

За денар ипол се намалуваат цените на горивата во Македонија

Шеталиште 20/04/2026 13:32
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (20.04.2026)

Шеталиште 20/04/2026 10:46
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

Кривични пријави за двајца битолчани кај кои е пронајдена марихуана

Шеталиште 20/04/2026 10:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани