Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Македонија ЃП со 14 гола го победи Влазними, Пелистер подобар од Студеничани во Скопје

Димитар Петковски 02/09/2026 17:32
kup-1-2-1536x1088

Денеска се одиграа четири натпревар од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Според очекувањата фаворитите забележаа убедливи победи и ја продолжуваат трката за трофејот. Пелистер во Г.Лисиче му гостуваше на составот на Студеничани и го совлада со 6:1 .

Битолчани поведоа преку Марко Стоилевски во 11. минута. Три минути подоцна Петар Љамчевски зголеми на 2:0, а во 18-тата, Алек Сиваков беше стрелец на третиот погодок за гостите. Во 30. минута Фуркан Ќани намали на 3:1, а веќе во 34-тата Кире Стојанов му носи предност на Пелистер од 4:1. Во продолжението од натпреварот тимот од Битола постигна уште два гола. Во 84. минута Мартин Талевски и Јаков Пресилски во 86-тата се запишаа меѓу стрелците за конечни 6:1.

Струга Трим Лум триумфираше над Победа Валандово со 10:1. Серијата голови ја отвори Флоријан Рочи уште во втората минута. Шеесетина секунди подоцна Алтин Алији зголеми на 2:0, а во 12-тата Рочи по втор пат се запиша меѓу стрелците. Истиот играч во 25. минута зголеми на 4:0, во 32. Даниел Кехинде донесе предност од 5:0. Шестиот гол беше дело на Алији во 41. минута од натпреварот, а во последната минута од првото полувреме Рочи по четврти пат ја погоди мрежата на противникот за водство од 7:0.

Во 57-та Арби Воша и донесе водство на Струга ТЛ од 8:0, а две минути подоцна Елдан Шата го постигна единствениот гол за Победа. До крајот на натпреварот Стружани беа прецизни уште два пати, а стрелци се Агон Демири во 65. и Кехинде во 79. минута.

АП Брера на гостувањето во Неготино го совлада Венец од Долни Дисан со 8:0. Четири пати во листата на стрелците се запиша Матеј Сејменов и тоа 13., 22., 47. и 63. минута. Игор Ристов беше прецизен во 20-тата, а 12 минути подоцна погодок постигна Марио Митрев. Во самата завршница од натпреварот во 86 и 87 минута противничкиот голман го совлада Глигор Бучков.

Најубедлива на стартот од Купот беше Македонија ЃП која во мечот против Влазними Јуниор забележа победа од 14:0. Првиот погодок беше дело на Омер Сулејмани во 22. минута. На 2:0 зголеми Алекс Горгиовски со голот во 32 минута.

Двојни стрелци на овој натпревар беа Михаил Митревски (34, 60), Марко Младеновиќ (70, 84) и Кристијан Ѓорѓиевски (77, 78). Хет трик забележа Трајче Талевски (55, 55, 89), а по еднаш прецизни беа Кристијан Таневски (38), Бесмир Исмани (44) и Марко Блажески (79)

Continue Reading

Претходно: Градинките во Прилеп полни, недостасува персонал
Следно: Активни два пожара, три се под контрола, а 22 се изгаснати

Поврзани вести

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани