Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“

Димитар Петковски 19/05/2026 20:45
kup-grupna-1536x1027

Екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија, натпревар кој ќе го даде последниот трофеј сезонава и место на европската сцена.

За Силекс ова е можност успешната сезона да ја круниса со трофеј, откако шампионатот го заврши на четвртата позиција. Тренерот Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија.

„За нас ова е натпревар на сезоната, бидејќи носи излез во Европа. Шкендија е квалитетен и искусен противник, можеби и во мала предност поради европските натпревари што ги има одиграно. Но, ќе се обидеме да ги искористиме сите слабости што ќе ни се понудат. Која би била предноста на Силекс? Според мене, тоа е што Шкендија има одиграно 54 мечеви сезонава. Посакувам добро финале и нека победи подобриот“, изјави Васоски.

Во таборот на Шкендија владее оптимизам пред финалето, а тренерот Јетон Беќири потенцира дека неговиот тим ќе влезе максимално мотивирано во борбата за трофејот.

„Мислам дека Шкендија по 8 години е во финале на Купот и нормално ќе влеземе максимално во овој меч и како екипа која сака да се надигрува. Имаме почит кон Силекс кои последниве две години играат одлично. Лани до последно коло се бореа со нас за титулата. Нијанси ќе одлучуваат. Можеби имаме мала предност од нашето европско искуство, но во еден меч тоа ништо не значи бидејќи секогаш во овие мечеви одлучува еден момент. Ние ќе дадеме се од себе да победиме утре. Пред се сакам фер натпревар и да има коректно судење, па кој ќе е посреќен нека се радува на крај“, рече Беќири.

Капитенот на Шкендија, Арбин Зејнулаи, истакна дека клубот секогаш има највисоки амбиции.

„Шкендија секогаш пред почетокот на сезоната игра за титули дома и добар настап во Европа. Ова е многу важен меч за нас и ако го дадеме максимумот, мислам дека на крајот ќе стигнеме до трофејот“, изјави Зејнулаи.

Дарко Анѓелески, капитенот на Силекс вели дека ќе гледаме одлично финале, предводникот на кратовчани верува во квалитетите на тимот.

„Ова е најважниот натпревар за нас сезонава и подготвени сме да го дадеме максимумот за да го освоиме трофејот. Знаеме дека не очекува тежок противник, но веруваме во нашите квалитети и во тимскиот дух. Се надевам на добро финале, фер игра и радост за нашите навивачи на крајот“, изјави капитенот на Силекс, Дарко Анѓелески.

Шкендија на утрешниот натпревар ќе биде без најдобриот стрелец Бесарт Ибраими, кој поради повреда нема да настапи во финалето и за него сезоната е завршена.

Continue Reading

Претходно: Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден
Следно: Примени кандидати во Државно средно – Спортска Академија по паралелки за фудбал во Битола, Охрид и Прилеп

Поврзани вести

megjunarodna-vozacka-dozvola
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

Шеталиште 18/06/2026 06:43
190726-fenomenot-ronaldo-mesi-e-genijalec-koj-natera-i-brazilci-da-navivaat-za-argentina-1
  • Фудбал

Шесте рекорди на Меси за 80 минути

Шеталиште 17/06/2026 07:29
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината image-253989 1
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

18/06/2026 08:02
Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп а 2
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

18/06/2026 08:00
Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа nafta-1 3
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

18/06/2026 07:48
Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло zesko-sonce 4
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

18/06/2026 07:48
Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура megjunarodna-vozacka-dozvola 5
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

18/06/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
oriz-so-pileshko
  • Рецепти

Ориз со пилешко и зеленчук

Шеталиште 18/06/2026 08:01
а
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

Шеталиште 18/06/2026 08:00
simona-bitola
  • Настани

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Шеталиште 18/06/2026 07:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани