Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Четврт трофеј за кратовски Силекс или трето славје за тетовска Шкендија (20:00 часот МРТ)

Димитар Петковски 20/05/2026 15:02
kupmup

Фудбалерите на Силекс и Шкендија Тетово вечерва од 20 часот на Арената Тодор Проески ќе го одиграат финалниот натпревар во Купот на Македонија.

Кратовци во вечерашното соочување ќе се обидат по четврти пат во клупската историја да го освојат трофејот во ова натпреварување додека Шкендија во својата колекција има два пехари и атакува на третиот.

Доколку Силекс успее да се искачи на тронот ќе се израмни со Работнички по бројот на освоени трофеи и ќе се најде на делба на третото место на вечната листа на најуспешни екипи во Купот.

На спротивната страна со евентуален триумф Шкендија ќе им се приклучи на Слога Југомагнат, Силекс и Македонија ЃП кои три пати се радувале на победа во големото финале.

И за двете екипи ова ќе биде шести настап во решавачкиот натпревар за трофејот во Купот.

Силекс последен пат во финалето играше во 2022 година кога беше поразен од Македонија ЃП и тоа по подобро изведување на пенали, а само една година претходно го освои последниот трофеј по победата над Академија Пандев исто така по удари од белата точка.

Шкендија последен пат во финалето настапи во 2018 година кога триумфираше над Пелистер, а една сезона претходно, Тетовци беа поразени токму од Битолчани и тоа изведување на удари од 11 метри.

Првото финале во клупската историја, Силекс го одиграл во 1994 година. Кратовци тогаш беа поуспешни од Пелистер, а следната година во финалето беа поразени од Вардар.

Вториот пехар во историјата Силекс го освои во 1997 година и тоа по триумфот од 4:1 во соочувањето со Слога Југомагнат.

Шкендија прв пат имаше шанса да триумфира во Купот пред 20 години. Во првиот настап во финалето Тетовци беа совладани со 3:2 во дуелот против Македонија ЃП. Во 2013 година следуваше ново учество во финалето, но тогаш славеше градскиот ривал Тетекс и тоа по подобро изведување на пенали.

Првиот од двата пехари Тетовци го освоија во пред точно една деценија по победата над Работнички со 2:0.

 

Патот кон големото финале двете екипи го почнаа уште во првата елиминациска рунда.

Силекс на стартот како гостин го совлада Евротип со 7:1 додека Шкендија триумфираше над Јени Маале со 9:0.

Во осминафиналето Силекс во Куманово славеше над Башкими со 2:1, а Шкендија со 2:0 го елиминираше Тиквеш.

За влез во полуфиналето Силекс забележа победа од 3:0 над Детонит Плачковица додека Шкендија како гостин со 3:2 ја совлада Струга Триум Лум.

И во полуфиналето Силекс во првиот меч на гостувањето во Охрид играше 1:1, а во реваншот славеше со 1:0.

Шкендија Тетово на два пати беше поуспешна од Шкендија Арачиново. Во првиот меч на домашен терен победи со 3:2, а во второто соочување триумфираше со 2:0.

Во трите натпревари што се одиграа во текот на сезонава, Шкендија има две победи од кои првата во Тетово со 2:0, а потоа и на гостувањето во Кратово со 2:1. Во последното соочување Силекс повторно беше домаќин, а овој пат двата тима постигнаа по еден погодок.

Триесет и третото финале во Купот на Македонија ќе се игра на арената Тодор Проески со почеток во 20 часот.

Continue Reading

Претходно: Масовната смрт на пчелите ќе доведе до глад во целиот свет
Следно: Нови правила, критериуми и забрани за фотоволтаични централи и ветерни електрани во Грција

Поврзани вести

190726-fenomenot-ronaldo-mesi-e-genijalec-koj-natera-i-brazilci-da-navivaat-za-argentina-1
  • Фудбал

Шесте рекорди на Меси за 80 минути

Шеталиште 17/06/2026 07:29
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 1
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 2
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 3
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 5
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани