Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Кујната на „Рустика Вединг Хол“ повторно е во функција – конечните наоди за случајот со труењето во Прилеп не утврдија пропусти во работењето

Шеталиште 10/07/2026 13:33
Kujna Rustika Veding Hol

Конечните инспекциски контроли и лабораториски анализи потврдија дека не се утврдени санитарно-хигиенски или санитарно-технички недостатоци, ниту контаминација во кујната, работните простории и анализираните примероци од храната

Како „Рустика Вединг Хол“, компанија со долгогодишно искуство во обезбедување кетеринг услуги за голем број компании, институции и приватни настани, ја информираме јавноста дека, по завршувањето на инспекциските постапки и добивањето на конечните лабораториски наоди што следеа по случајот со труењето во Прилеп, нашата кујна повторно е во функција.

Од самиот почеток бевме посветени на целосна транспарентност и одговорност кон нашите клиенти, партнери и јавноста, поради што сакаме да ве информираме за исходот од спроведените инспекциски контроли и лабораториски анализи.

Сите досега спроведени инспекциски контроли и лабораториски анализи потврдија дека не се утврдени санитарно-хигиенски или санитарно-технички недостатоци, ниту контаминација во работните простории, кујната и анализираните примероци од храната. Дополнително, лабораториските анализи на примероците од храната не утврдија присуство на бактерии или друга контаминација, што потврдува дека во анализираните примероци не се констатирани отстапувања од пропишаните стандарди за безбедност на храната и важечките законски прописи.

Пред сè, искрено жалиме за непријатностите што ги претрпеа сите засегнати од овој настан. Искрено се надеваме дека сите кои беа погодени од случувањата се чувствуваат добро и дека оваа непријатна ситуација е зад нив.

Од самиот почеток целосно и транспарентно соработувавме со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Центарот за јавно здравје – Прилеп, Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство, овозможувајќи непречено спроведување на сите инспекциски надзори, лабораториски анализи и дополнителни проверки.

Во согласност со Националниот протокол за постапување при сомневање за труење со храна, веднаш беа преземени сите предвидени мерки, вклучително и привремена забрана за вршење дејност до завршување на инспекциските постапки и добивање на сите лабораториски резултати. Како општествено одговорна компанија, целосно ги почитувавме сите одлуки и препораки на надлежните институции, ставајќи ги заштитата на јавното здравје и транспарентноста на прво место.

Денеска, по исполнувањето на сите услови за продолжување со работа, повторно ги ставаме во функција нашите кујнски капацитети и продолжуваме да обезбедуваме кетеринг услуги со истата посветеност на квалитетот, безбедноста на храната и професионалните стандарди кои со години претставуваат темел на нашето работење.

Како компанија која својата доверба ја гради со години, остануваме доследни на принципите на професионалност, одговорност и високи стандарди за безбедност на храната.

Континуирано инвестираме во системи за контрола на квалитетот, обука на персоналот и примена на сите законски и стручни протоколи, со цел на нашите корисници секогаш да им обезбедиме безбедна и квалитетна услуга.

Им благодариме на надлежните институции за професионалниот пристап и темелно спроведените инспекциски контроли и лабораториски анализи, како и на јавноста за трпението додека траеше процесот на утврдување на фактите.

Во интерес на јавноста и на сите засегнати, веруваме дека е важно институциите целосно да го расветлат случајот и да го утврдат причинителот и изворот на контаминацијата.

Како и досега, „Рустика Вединг Хол“ останува целосно отворена за соработка и подготвена да обезбеди каква било дополнителна поддршка што ќе биде побарана од надлежните органи.

Continue Reading

Претходно: Македонски државјани дел од криминална банда уапсени во Драч
Следно: Ангеловски го почна процесот на ‘градење’ на млад и силен – Eурофарм Пелистер 2

Поврзани вести

Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44
crkva-1-1
  • Македонија

Денеска се слави Светиот маченик Калиник

Шеталиште 11/08/2026 07:25
toplo-vreme
  • Македонија

И денеска многу топло – до 40 степени, здравствените власти со препораки за заштита од сонце

Шеталиште 11/08/2026 07:17
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец Screenshot_20260811_064042_Facebook 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

11/08/2026 07:44
Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11 Vakcinacija_deca_vo_germanija 2
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

11/08/2026 07:36
Денеска се слави Светиот маченик Калиник crkva-1-1 3
  • Македонија

Денеска се слави Светиот маченик Калиник

11/08/2026 07:25
И денеска многу топло – до 40 степени, здравствените власти со препораки за заштита од сонце toplo-vreme 4
  • Македонија

И денеска многу топло – до 40 степени, здравствените власти со препораки за заштита од сонце

11/08/2026 07:17
Со „Чествување на заветот” и премиера на „Мајка (magna mater)“ Бабец театарот од Битола одбележа 16 години постоење collage_export_DAB21032-542A-41F3-9E84-99F48DB285DA 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Театар

Со „Чествување на заветот” и премиера на „Мајка (magna mater)“ Бабец театарот од Битола одбележа 16 години постоење

11/08/2026 07:09

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44
Vakcinacija_deca_vo_germanija
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

Шеталиште 11/08/2026 07:36
20260811093056_big_730x400_12
  • Рецепти

Домашни јуфки

Шеталиште 11/08/2026 07:34
chopped-caprese-salad
  • Рецепти

Капрезе салата

Шеталиште 11/08/2026 07:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани