Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојната ЕХФ недела. Таму се најде и искусното крило на Е.Пелистер , Дејан Манасков по подолг период.
Да се потсетиме што селекторот Лазаров изјави пред мечевите против Португалија кога им даде шанса на помладите крила: Кузманоски и Атанасијевиќ, но и дека Манасков во догледна иднина би можел да се врати во националниот тим.
За Манасков, вратата е отворена. За оваа репрезентација, за национална селекција треба да сакаш да играш. За никого не е затворена вратата, одлуката не е конечна“, изјави селекторот Лазаров пред мечот Македонија – Португалија во Скопје ‘далечниот’ 9-ти март 2023 година.
Македонските ракометари сега ќе оддиграат две контролни пријателски средби против Јапонија.
Натпреварите се предвидени да се оддиграат на 30.11 (четврток) во спортската сала Автокоманда (натпревар од затворен тип) и на 01.11 (сабота) со почеток во 16:30 часот.

Собирот се закажува на ден 27.10.2025 ( Понеделник) во 13:30 часот во хотел Александар Палас.

