Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Шоубиз

Ламбе Алабаковски со препев на песната „Како пиреј“ од Гоце Николовски

Шеталиште 27/06/2025 11:52
Lambe Alabakovski

Пејачот Ламбе Алабаковски ја препеа песната „Како пиреј“ како најава на продолжението на проектот „Македонијо во срце те носиме“, во реализација на „Скендеровски продукција“. Проектот, се вели, продолжува со истата мисија – да ја слави македонската музичка традиција преку современи аранжмани на добро познати народни песни.

„Токму со новата верзија на легендарната македонска песна ‘Како пиреј’, во изведба на Ламбе Алабаковски и во аранжман на маестро Николче Мицевски, денеска и официјално почнува вториот дел на омилениот проект ‘Македонијо во срце те носиме’. Песната, којашто првично ја отпеа Гоце Николовски, добива современо руво. Но, го задржува својот дух и порака за единство и опстојност. Музиката и текстот на оригиналната верзија се дело на Гоце Николовски и Јован Павловски, а новата изведба претставува мост меѓу генерациите и музичкото наследство. Интересно за оваа композиција е дека истата веќе има две верзии, односно едната била отпеана на ‘Фестивалот Валандово’ во 1994 година, а другата е снимена на касета што валандовскиот Фестивал ја издава истата година и е со мали разлики во изведбата“, соопшти продукцијата.

„Браќа, сестри, Македонци, нема таква сила која може да нè раздели! Браќа, сестри, Македонци, како пиреј сечи, корни, нема да ја истреби…“ се дел од стиховите од песната што во далечната 1994 година на фестивалот Валандово ја отпеа легендарниот Гоце Николовски.

Изведувачи од народната и забавната сцена повторно здружуваат сили за да ѝ подарат на публиката ново музичко доживување. До крајот на летото, љубителите на македонската музика ќе имаат можност да уживаат во сите композиции од проектот, коишто ќе бидат објавувани една по друга, во духот на мотото: „Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци!“

Фото: Тимот на „Македонијо во срце те носиме“

Continue Reading

Претходно: Ребалансот на Буџетот пред пратениците на 2 јули
Следно: Марта Кос в понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан за Планот на ЕУ за раст за регионот

Поврзани вести

01.08.2026-35
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (01.08.2026)

Шеталиште 01/08/2026 13:44
TOM_8179
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (25.07.2026)

Шеталиште 25/07/2026 13:21
Raketa-Falkon
  • Забава
  • Занимливости

Дел од ракетата „Фалкон 9“ ќе ја погоди Месечината во август

Шеталиште 24/07/2026 10:24
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани