Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Технологија

Ласер и ВИ можат рано да откријат канцерогени абнормалности во клетките

Шеталиште 30/10/2025 14:28
laser-ai

Ласерски ознаки во комбинација со систем на вештачка интелигенција (ВИ) овозможија рано откривање абнормалности во клетките што доведуваат до тумори.

Дијагностичката техника за рано забележување, којашто во иднина би можела да помогне и да се разбере потеклото на туморите, е развиена во Европската лабораторија за молекуларна биологија (ЕМБЛ) во Хајделберг, Германија. Групата на ЕМБЛ предводена од Јан Корбел, заедно со авторот на статијата – Марк Козенц, го разви системот „МАГИК“ (Машинско учење – асистирана геномика и конвергенција на слики), којшто комбинира секвенционирање на единечни клетки и ВИ. Написот е објавен во списанието „Нејчр“ (Nature).

– Хромозомските абнормалности се главна причина за особено агресивни тумори и се тесно поврзани со смрт на многу пациенти, метастазите, рецидивот, отпорноста на хемотерапија и брзиот раст на туморот… Иако идејата дека хромозомските абнормалности може да предизвикаат рак била позната и пред околу еден век, досега е речиси невозможно да се откријат абнормални клетки, рече Корбел, кој е главен автор на научниот труд.

Многу од овие клетки умираат. Микроскопот досега беше единствената алатка за идентификација, и тоа со големи тешкотии.

Системот „МАГИК“ ги испитува клетките, барајќи конкретно структури наречени микронуклеуси – затворени делови што содржат мал дел од ДНК-та на клетката одвоена од јадрото. Клетките со микронуклеуси се склони да произведуваат нови хромозомски абнормалности, што ги прави поподложни на канцерогеност.

Системот, со способност да испита до 100.000 клетки, покажа дека нешто повеќе од 10 отсто од сите клеточни делби предизвикуваат спонтани хромозомски абнормалности. Откако ќе се идентификуваат овие абнормални клетки, ласер ги означува со флуоресцентна молекула, а потоа обележаните клетки се одделуваат од останатите и понатаму се анализираат.

Фото: МИА архива

Continue Reading

Претходно: ЕУ и КфВ Банка со грант од 1,5 милиони евра ја поттикнуваат зелената трансформација на АД ЕСМ
Следно: Селена Гомез трета година по ред со добротворна свеченост за својата Фондација

Поврзани вести

uslugi-gov-mk
  • Технологија

Рекордна употреба на националниот портал за електронски услуги: Поднесени над 27 илјади барања во септември

Шеталиште 01/10/2026 07:47
viber-pexels-darina-belonogova-8373959
  • Технологија

Нова услуга од Viber: Бесплатно испраќање и примање пари преку апликацијата

Шеталиште 17/09/2026 10:51
Man sleeping in the comfortable bed
  • Живот
  • Здравје

Истражување: Колку треба да спиеме по 60-тата година за да не чувствуваме замор

Шеталиште 24/07/2026 10:27
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар M79_0274-2048x1367 1
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

08/10/2026 10:41
Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 2
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 3
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 4
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50

Можеби сте пропуштиле

capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
M79_0274-2048x1367
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани