Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Лашкоска: Реализираме проекти за одржлив, сеопфатен и рамномерен развој на нашата држава, следејќи ги потребите на граѓаните

Шеталиште 05/08/2025 13:46
Ane Lashkoska

Реализираме проекти за одржлив, сеопфатен и рамномерен развој на нашата држава, следејќи ги потребите на граѓаните, изјавила денеска заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање, Ане Лашкоска, која заедно со гевгелискиот градоначалник Андон Сарамандов, присуствувале на официјалниот почеток на градежните активности за изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација во Урбан блок 4.4. во општина Гевгелија.

Како што соопштија попладнево од Министерството за животна средина и просторно плaнирање, целта на овој значаен проект е обезбедување на квалитетна вода за пиење, прифаќање на фекалните води од објектите во овој дел од градот, како и прифаќање на атмосферските води.

Со неговата реализација, како што се истакнува, ќе се обезбедат подобри комунални услуги и ќе се подигне квалитетот на живеење на над 2.500 граѓани кои живеат во овој урбан блок во општина Гевгелија и ќе се заштитат животната средина и биодиверзитетот.

– Заштитата и зачувувањето на биодиверзитетот на реката Вардар преку изградба и на фекална канализација, ќе овозможи отпадните води да се прочистуваат во постојната станица и потоа да се испуштаат во водите на Вардар, што е од особена важност за квалитетот на речните води, а од друга страна го зголемува значењето на овој проект и свесноста за вредноста и комплексноста на животната средина и за неопходните активности што треба да ги преземеме, за да се заштитат и зачуваат водите на оваа најголема македонска река и нејзиниот биодиверзитет, се наведува во пишаната изјава на Лашкоска.

Според Лашкоска, во иднина мора заеднички да се поработи на подигнувањето на јавната свест и одговорноста на секој подинец, „бидејќи на крајот на денот грижата за потрошувачката и третманот на водите не е единствено одговорност на државата и институциите, таа е одговорност на секој од нас и тие ограничени природни ресурси треба одржливо да ги користиме.“

– Со реализацијата на овој и на сите наши проекти, како Влада и Министерство за животна средина и просторно плaнирање, придонесуваме за одржлив, сеопфатен и рамномерен развој на нашата држава, следејќи ги потребите на граѓаните, а истовремено правејќи сериозен исчекор со што заедно ги забрзуваме промените кон одржлив развој на економијата и инфраструктурата и поквалитетен животен стандард, подеднакво за сите наши граѓани, потенцира Лашкоска.

Како што информираат од Министерството, вкупната вредност на проектот за изградбата на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација изнесува 48.233.215 МКД  односно 572.179 евра, средства обезбедени од Владата, преку кредит од „Европската инвестициска банка“.

Фото: Министерство за животна средина и просторно плaнирање

Continue Reading

Претходно: Убедлив пораз на македонските кадетки на ЕП за ракометарки до 17 години
Следно: Тошковски: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи

Поврзани вести

soncevo
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

Шеталиште 12/04/2026 08:41
Veligden-768x483-1
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

Шеталиште 12/04/2026 08:39
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Сончево и топло со температури до 20 степени soncevo 1
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

12/04/2026 08:41
Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение Veligden-768x483-1 2
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

12/04/2026 08:39
Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 3
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 4
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08

Можеби сте пропуштиле

soncevo
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

Шеталиште 12/04/2026 08:41
Veligden-768x483-1
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

Шеталиште 12/04/2026 08:39
261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани